Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Две третини од луѓето во ЕУ живеат во свој дом, во Македонија 87 %
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Две третини од луѓето во ЕУ живеат во свој дом, во Македонија 87 %
ЕКОНОМИЈА

Две третини од луѓето во ЕУ живеат во свој дом, во Македонија 87 %

Објавено February 6, 2026 15:28
Сподели
Сподели

Повеќе од две третини од луѓето што живеат во домаќинствата на ЕУ поседуваат свој дом, наспроти 32% кои живеат во изнајмени станови. Во Македонија околу 87 % живеат во свој дом, а 12,9% под кирија, покажуваат податоците на Евростат.

Според последните достапни податоци на Евростат, во 2024 година, повеќе од две третини (68%) од населението што живее во домаќинствата на ЕУ поседувало свој дом, што е малку помалку од 69% во 2023 година. Останатите 32% живееле во изнајмени станови, што е зголемување од 31% во претходната година.

Највисок удел на сопственост на ниво на ЕУ е забележан во Романија (94%), по што следат Словачка (93%) и Унгарија (92%).

Поседувањето дом е почесто во сите земји од ЕУ, освен во Германија, каде што преовладува изнајмувањето, при што 53% од населението се закупци. По Германија следуваат Австрија (46%) и Данска (39%).

За Македонија и земјите од регионот, последни достапни податоци на Евростат, се за 2023 година, такашто најголем дел од луѓето живеат во сопствен дом во Албанија – 95,5%, потоа следува Хрватска – 91,2%, Србија – 89,9%,  Македонија – 87,1%, Бугарија – 86,1% и Грција – 69,6%.

Под кирија најголем дел од населението во 2023, во регионот, живееле во Грција – 30,4%, потоа следуваат Бугарија – 13,9%, Македонија – 12,9%, Србија – 10,1%, Хрватска – 8,8% и Албанија – 4,5%.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За 95 проценти од синдикатите на УПОЗ, прифатлив е договорот со Владата за зголемување на платите за 40 проценти, велат од УПОЗ
Следна Статија СДСМ: Максим Димитриевски од ЗНАМ – политика како приватен бизнис

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ССМ најави блокади на пратениците, работодавачите и Владата

На 10 месецов ССМ излегува повторно на улиците со блокади и протести пред институциите кои немаат слух за работникот, вели…

February 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Почна исплатата на МојДДВ за четвртото тримесечје од 2025 година

Почна исплатата на средства на апликацијата МојДДВ за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година, информира Управата за…

February 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Владата не ја плаќа каматата на компаниите, целта е компаниите да добијат поевтини кредити од оние што во моментот се нудат од деловните банки

Комуникацијата со банките продолжува. Се очекува од нивна страна да се произнесат во однос на каматната стапка и нивната можност…

November 19, 2024
ЕКОНОМИЈА

Македонија на средина меѓу 43 земји во Европа според задолженоста

Македонија се наоѓа точно на средина меѓу 43 земји во Европа според државниот долг како процент во бруто општествениот производ,…

July 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?