Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФФМ го казни Сејдини поради финансиска измама
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФФМ го казни Сејдини поради финансиска измама
СПОРТ

ФФМ го казни Сејдини поради финансиска измама

Објавено February 6, 2026 15:26
Сподели
Сподели

Забрана за вршење на функција во траење од две години му изрече денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својот поранешен претседател Муамед Сејдини поради финансиска измама поврзана со градежни работи на стадионот во Охрид.

Сејдини е санкциониран поради злоупотреба на својата положба во врска со авансна исплата во износ од околу 700.000 евра кон фирма-изведувач задолжена за изградба на трибина на охридскиот стадион „Билјанини Извори“.

„Утврдено е дека Одборот за итност на ФФМ на 27. ноември 2024 година донел одлука за прифаќање на понуда од ДПТУ „Енергоинвест Трејд“ ДОО Скопје за изградба на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, во износ од 202.919.610,00 денари, без услов за авансно плаќање, и го овластил тогашниот претседател Муамед Сејдини да потпише договор согласно прифатената понуда. Спротивно на донесената одлука, Сејдини на 03. декември 2024 година, злоупотребувајќи ја својата положба, потпишал договор со вметнат услов за авансно плаќање од 20 проценти, што било извршено без обезбедена банкарска гаранција и без соодветно овластување“, соопшти ФФМ.

„Со ваквото постапување, Дисциплинската комисија утврди дека Муамед Сејдини го измамил и довел во заблуда Управниот одбор на ФФМ и нанел сериозна материјална штета на Федерацијата, поради што му е изречена соодветната дисциплинска санкција“, се додава во соопштението.

Сејдини беше на чело на ФФМ во два мандати од 2019 до 2025 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски го претстави новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ- Драган Ковачки е нов ген сек
Следна Статија Бујар Османи побара одлуките во Уставниот суд да се носат со Бадентер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

МЗТ Скопје ја одбрани титулата во домашното првенство

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја продолжија домонацијата во домашното кошаркарско  првенство. откако во четвртиот меч од финалната серија ја забележаа…

June 3, 2025
СПОРТ

Арсенал го доби дербито со Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Арсенал го победија Манчестер јунајтед со 1:0 во дербито од првото коло од новата сезона во Премиер лигата.…

August 18, 2025
СПОРТ

На Салах не му се оди од Ливерпул

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах е во преговори за продолжување на договорот со англискиот клуб. Според некои медиуми во Британија,…

February 17, 2025
СПОРТ

Комо ќе треба да ја напушти оваа убавина

Клубот Комо сезонава е дел од Серија А.  Играат добро но се последни на табелата. Сепак тие имаат многу симпатии…

February 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?