Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Дански фонд купи 40 стана во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Дански фонд купи 40 стана во Скопје
ЕКОНОМИЈА

Славески: Дански фонд купи 40 стана во Скопје

Објавено February 6, 2026 20:11
Сподели
Сподели

Инвестициски фондови од странство купуваат значителен број станови во новоградба кај нас, истакна гувернерот на НБРМ Трајко Славески во интервју на Телма ТВ.

„Еве, последна информација ми е, неофицијална, дека дански фонд во станови, во згради во изградба на територијата на Скопје, недалеку од Центарот, има купено 40 стана. Прашувам за што, дали ќе ги издаваат, не знаат. Мислам дека инвестицијата тука е мислејќи дека цените и натаму ќе растат, што не е гаранција“, вели Славески.

Според податоците од Народната банка, цените во четвртиот квартал од 2025 година се зголемиле за 25 проценти во однос на пред една година, а според онлајн платформата, ценаквадрат.ком, просечната цена на стан во Скопје на 9 декември (последен податок) била 2.032 евра, при што во Центар била 2.253 евра.

Во телевизиското интервју, гувернерот посочи и дека стабилноста на девизниот курс на денарот и натаму е цврсто закотвена.

Во однос на инфлацијата, беше нагласено дека се бележи стабилизирање на ценовните движења, а во одредени месеци во текот на минатата година има и намалување на ценовното ниво на месечно ниво. Народната банка очекува дека во текот на оваа година инфлацијата и натаму ќе се намалува, што е во согласност со среднорочната цел за ценовна стабилност и приближување кон инфлацијата во еврозоната.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жена е тешко повредена во експлозија на гас во куќа во Велгошти
Следна Статија Германија стана рекордер по затворени компании

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

Македонците во странство минатата година испратиле во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП. Иако бележиме суфицит, личните…

December 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Само половина од населението е финансиски писмено, а учениците знаат само основни поими

Финансиската писменост кај учениците во Македонија останува претежно на ниво на основни поими, но не и на практична примена, покажала…

March 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Се раѓа нов светски поредок: За што разговараа денеска лидерите на БРИКС

Денешниот самит на групата БРИКС беше посветен на актуелната геоекономска ситуација, објави Кремљ по виртуелниот состанок. Бразил свика видеоконференција за…

September 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за работа во недела: Или никој да не работи, или да работи некој за двојно или тројно повисока дневница

Дали ќе има измени на законското решение за недела неработен ден ќе се знае по следната седница на Економско-социјалниот совет…

December 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?