Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шуга меѓу војници во касарната во Велес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Шуга меѓу војници во касарната во Велес
ЗДРАВЈЕ

Шуга меѓу војници во касарната во Велес

Објавено February 7, 2026 18:03
Сподели
Сподели

Најмалку двајца припадници на Армијата на Република Македонија од касарната во Велес се заразени со шуга, потврдија од Армијата, додека неофицијални извори тврдат дека бројот на војници во изолација е значително поголем.

Случајот отвори прашања за условите за престој и хигиена во касарната, но и за начинот на справување со заразните заболувања во воените капацитети.

Според информации од војници кои за медиумите зборуваат анонимно, првичните симптоми – силно чешање и осип – се појавиле пред околу десетина дена, но на почетокот не биле сфатени сериозно. Состојбата, велат тие, станала поалармантна откако кај дел од војниците се појавила и температура, по што била повикана медицинска екипа и бил извршен епидемиолошки преглед.

Неофицијално, дел од војниците биле испратени на болнички прегледи, а околу десетина се ставени во изолација. Војниците тврдат дека условите за хигиена се несоодветни, посочувајќи недостиг на топла вода и дотраена постелнина, поради што стравуваат дека заразата може да се прошири и надвор од касарната, откако дел од нив викендов биле пуштени дома.

Од Армијата, пак, потврдуваат дека има заразени војници, но категорично негираат дека заболувањето е последица на условите во касарната. Оттаму информираат дека станува збор за новопримени војници, примени на 29 декември, и дека веднаш по дијагностицирањето биле преземени сите неопходни здравствени мерки и протоколи за спречување на понатамошно ширење на заразата.

Според официјалниот став, сместувањето и хигиената се организирани согласно армиските стандарди, а пред приемот на војниците била извршена целосна дезинфекција на просториите, обезбедена чиста постелнина и организирано редовно капење.

Од Министерството за одбрана информираат дека постапуваат согласно насоките на Воено-медицинскиот центар и дека ќе бидат преземени дополнителни мерки доколку се утврди потреба.

Шугата, позната и како скабиес, е заразно кожно заболување предизвикано од паразит, кое најчесто се шири при близок контакт, а симптомите можат да се појават и неколку недели по заразувањето. Случајот повторно ја отвора темата за здравствената превенција и условите за престој на новопримените војници во касарнските капацитети.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се продаде прилепската фабрика Еурокомпозит
Следна Статија Над 300 лица приведени во инциденти во Солун

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Дали да ја пијат водата или не – Кого да слушаат стумичани?

Кого да слушаат жителите на Струмица дали да ја пијат водата? Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат не. Од…

October 23, 2024
ЗДРАВЈЕ

Грипот однесе уште една жртва, расте бројот на хоспитализирани

Пациент од внатрешноста на земјата, на возраст од 69 години, починал во раните утрински часови на одделението за интензивна нега…

January 18, 2026
ЗДРАВЈЕ

Германски научници открија ново антитело со силна заштита против ХИВ

Научници во Келн открија ново антитело со исклучителна способност да го неутрализира вирусот ХИВ. Во лабораториски услови, антителото покажало висок…

December 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

Универзитетот Оксфорд развива вакцина против ебола за справување со епидемијата

Научници од универзитетот Оксфорд развиваат нова вакцина против ебола за справување со епидемијата на оваа болест, која брзо се шири…

May 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?