Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не кажувај никому, платата ќе ни биде 4.000 евра и кажала Катица на Лејла
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Не кажувај никому, платата ќе ни биде 4.000 евра и кажала Катица на Лејла
МАКЕДОНИЈА

Не кажувај никому, платата ќе ни биде 4.000 евра и кажала Катица на Лејла

Објавено February 9, 2026 12:24
Сподели
Сподели

Не кажувај никому, платата ќе ни биде 4.000 евра“ е првото нешто што на обвинителката Лејла Кадриу, канејќи ја во СЈО и го кажала самопрогласената „девојка од милион долари“, Катица Јанева.

Поранешната главна обвинителка во СЈО барала секаков начин да го потроши првиот милион пред крајот на годината, за да не морале да ги вратат парите во буџетот. Вели на почеток не биле многу вработени, но потоа било хаос. Додава дека ако се земат тие листи, кој во СЈО земал плата, ќе се видат на сите политичари роднините, на обвинителите роднини, деца, чуда… сите биле на платен список, трошејќи се буџетските средства на нашата држава.

Според нејзиното тврдење, во почетокот од работата на СЈО, со парите раководела Елизабета Јосифовска.

Ние сè уште немавме вработен за таа дејност, а Јосифовска го знаеше занаетот од мајка ѝ, па така, како што кажуваше и она, тоа се работеше“, вели Кадриу која вели дека во СЈО трескавично се трошеле парите за да не дозволат на крајот на годината да се вратат во буџетот, па така кон крајот на 2015 година за два ипол месеци потрошиле милион евра, а во наредните години трошеа по 4 милиони евра, меѓу другото делејќи си и бонуси.

За предметот „бонуси во СЈО“, поради што настрада обвинителот Мустафа Хајрулахи бидејќи не сакаше да го затвори случајот зашто според него, тука има криминал од специјалните обвинители, Кадриу вели:

Па тоа е тоа. Требаше да се потрошат парите. И измислуваа како и сè излегуваше од рамките на законот. Тоа не смееше да се дозволи, тоа не смееше да го дозволат ниту обвинителите, ниту Јанева имаше право тоа да го дозволи. Се знае колку изнесува обвинителската плата, плус додатоците до 35 отсто. Порано, републичкиот јавен обвинител ќе определеше за некои посебни услови доверливост, за ризик и ќе додели 35 отсто. Тие не смееле да излегуваат од тие 35 отсто, но не – на тие 35 отсто тие си додавале уште по околу две илјади евра. Тоа е тотално незаконито – вели Кадриу.

Лејла Кадриу си заминала од СЈО после 2 или 3 месеци од кога почна со работа во СЈО затоа што Катица Јанева сметала дека не е “тимиски кадар“ по нејзиното одбивање да работи на предмети темелени на прислушкувани разговори за кои нема прием и попис кој што предал во СЈО, и налозите од Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Зоран Заев за тоа кој обвинител што треба да сработи и нивното лично влегување во СЈО и средби со обвинителите. Откако не ги прифатила насоките од советник на Оловер Спасовски како да постапува по предметите, Јанева и соопштила да ја напушти канцеларијата и дека “не е веќе дел од тимот“, иако изборот или разрешување на обвинител во СЈО не е нејзино овластување туку на Советот на обвинители.

Таа вели дека на почетокот оделе на обуки и семинари. Потоа ги презеле од Основно јавно обвинителство по еден лист со број за 35 кривични пријави од СДСМ. Внесени се во систем, распределени по јавни обвинители, кои требало да го слушаат она што Заев јавно го објавуваше на звучници. Пред почетокот на 2016, им кажува Катица Јанева дека на 29 декември 2015 година ќе имаат новогодипшна прослава, па на 30 декември, не мора да доаѓаат.

Таа вечер се славеше Нова година. Тоа беше катастрофа божја. Некои се напија, почнаа да кршат, лудо играње. Се имаше пари, на сметка на државата. Следниот ден кај мене нема не мор,а или се оди или не се оди на работа. Рече не мора и јас нормално отидов на работа, влегов во мојата канцеларија, почнав да читам предмет и околу 9:30 отидов кафе да направам. Разбрав дека тогаш се добивало 2 000 евра за кафе, лешници, бадеми, за 10 обвинители. Излегувам од канцеларијата и ги гледам Зоран Заев и Шеќеринска, така на колена нешто со некои хартии. Ги гледам Ленче (Ристовска, нз.), Фатиме (Фетаи, н.з.), беа и Лиле (Стефанова, н.з.) и Гаврил (Бубевски, нз.). Велам, луѓе, што прават овие овде, што прават Заев и Шеќеринска тука?. Што бараат да влезат во Обвинителството. Ни шефот на Обвинителство, Јанева, не е тука, ниту останатите обвинители не се тука. Што бараат овие двајца тука? Ленче ми рече дека ги донеле материјалите. Молам? А, ја прашувам, кој ќе пишува записник за примопредавање и како ќе ги примите тие материјали кога шефот не е тука. Но, очигледно овие четворица беа шефови. Па, ми вели Ленче, нема да пишуваме записник за примопредавање. Значи, држава паѓа. Цел свет слуша муабети со кои Зоран Заев мавта на плоштадот, а во Обвинителство се внесуваат без записник за примопредавање. Нечуено и не смее да се случи. Обвинители не смеат да се согласат да се случи. Единствен потписник на акт беше Катица Јанева. Како овие четворица демек искусни обвинители газат по закон. Очигледно Катица не морала да доаѓа зашто не била некој фактор, зашто овие четворица биле битните– вели Кадриу.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тинејџер тврди дека лек против акни го навел да пука во пријателите
Следна Статија Доделување на наградите на Гилдата на режисери: Пол Томас Андерсонго освои главниот трофеј за ‘Една битка по друга’

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Велигденската порака на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Стојанов: Христос воскресна, надеж наша!

Додека сите христијани се подготвувавме за прославата на големиот христијански празник – Велигден во оваа Света јубилејна година, кој се…

April 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кој е Марјан Даскаловски: Kупувал гласови во Струмица во име на Заев?

Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги.Кандидатот…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Предлог-извештај на ЕК: Македонија треба да го интензивира темпото на реформи

Македонија преставува добар пример за изградба на мултиетничко општество, но земјата мора да ја зајакне довербата во правосудниот систем, да…

October 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

Од Јавното обвининителство информираат дека по пожарот во објекти за рециклирање отпад во селото Трубарево радијација не е детектирана и…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?