Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поништен тендерот за јакни и редовни униформи на МВР
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поништен тендерот за јакни и редовни униформи на МВР
МАКЕДОНИЈА

Поништен тендерот за јакни и редовни униформи на МВР

Објавено February 9, 2026 13:07
Сподели
Сподели

Поништен е тендерот за нови униформи за полицијата, објави „360 степени“. Причината според медиумот е тоа што компанијата чија понуда била избрана за „јакна“ и за „теренска униформа“ за редовната полиција, самата по себе немала доволен број вработени и затоа приложила техничка поддршка од фирма од Србија.

Причината за поништувањето е тоа што во тендерската документација, меѓу другите критериуми, МВР барало понудувачите да имаат сопствен технички капацитет и минимум број на вработени 50 лица за производство на јакни, но и 100 лица за теренската униформа. „Мега Спорт“ во својата понуда навеле дека го исполнуваат овој услов, но не самостојно, туку преку т.н. техничка поддршка од српската компанија „Лус Текстил“.

Но, според Комисијата за жалби по јавни набавки, во таков случај српската фирма требало да биде пријавена како подизведувач, што не било сторено.

Најдобрата понуда за јакна и за теренска униформа која е поништена е во вредност од 6.1 милиони евра.

Огласот за јавна набавка кој го објави МВР имаше четири дела – јакна, теренска униформа, чизми и чевли.

Државната комисија за жалби по јавни набавки донесе решение со кое ја усвои жалбата на „Микеи интернационал“ и го поништи изборот на МВР во деловите – теренска униформа и виндјакна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Петрушевски: Заев и Филипче се фатени живи во бизнисот со марихуана – Јавното обвинителство мора да истражи
Следна Статија Гаши порача пратениците како знаат и умеат утре да дојдат на работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Учениците од Прилеп го формираа македонското знаме

Во центарот на Прилеп 1.200 ученици го формираа македонското знаме, симболот на љубовта, единството и гордоста кон татковината. Овој впечатлив…

October 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Никогаш нема да попуштаме кога се во прашање интересите за нашиот македонски идентитет и нашата држава Македонија

„Во денешно време се соочуваме со поинакви предизвици, но со подеднакво значење за иднината на нашата држава и народ. Како…

October 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Новите возила претставуваат олицетворение на постојаната поддршка на САД на Македонија

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер во своето обраќање на денешното презентирање на оклопните возила JLTV за АРМ,  рече дека од…

August 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Проектот БорПрес2 е чекор напред кон воспоставување на граничниот премин Маркова нога – Лемос

Денеска во Лемос, Општина Преспа – Грција, во присуство на министрите за внатрешни работи на Македонија и Грција, Панче Тошковски…

June 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?