Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на бесправно изградените објекти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на бесправно изградените објекти
ЕКОНОМИЈА

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на бесправно изградените објекти

Објавено February 11, 2026 13:57
Сподели
Сподели

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за граѓаните да не останат со нерешени статуси за своите домови поради административни препреки или бавни процедури.

Многу наши сограѓани со години се заглавени во лавиринтите на судски спорови за имотно-правни односи, разни постапки или претходни прашања, кои не биле по нивна вина. Актуелниот закон предвидуваше рок на важност до 3 март 2026 година, што би значело дека илјадници предмети, кои се во процедура, би биле прекинати по сила на законот во фазата во која се затечени – изјави денеска на прес-конференција пратеникот Бојан Стојановски.

Со овој предлог, како што нагласи тој, се продолжува рокот за дополнителни пет години, односно наместо 15, законот ќе важи вкупно 20 години – до 3 март 2031 година. Се овозможува правна сигурност за општините како надлежни органи да може легално да ги завршат сите веќе почнати постапки – рече Стојановски.

Оваа измена, објасни тој, не предвидува нови барања, туку е исклучиво во служба на оние граѓани што веќе поднеле документација и со години чекаат на својот имотен лист.

Сакам да потенцирам дека оваа иницијатива доаѓа како директен одговор на барањето на Управниот одбор на ЗЕЛС и општините што секојдневно се соочуваат со реалните проблеми на терен. Исто така, важно да се напомене е дека ова законско решение не предизвикува никакви дополнителни финансиски импликации врз буџетот на државата и ќе стапи во сила веднаш по објавувањето во „Службен весник“ за да нема правен вакуум – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Синдикатот утре ќе ја блокира Стопанската комора
Следна Статија Манасиевски: Луѓе на Спасовски диктирале кој да се гони, а Катица Јанева само ги потпишувала желбите на СДС

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари

Македонската интервентна пожарна, еве така да ја наречеме оваа единица, денес делуваше многу импресивно и мотивирачки. Денес се случи комплетна…

July 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе нова одлука со која се намалуваат малопродажните цени на горивата. Според…

August 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Десет нови дестинации во зимската сезона, се преговара за директни авиолинии со Данска, Финска и Блискиот Исток

Со воведувањето на зимскиот распоред на летови за сезоната 2025/26, двете леталишта ќе понудат нови линии и обновени рути што…

October 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Интензиво работиме на реконструкцијата на Пресека во должина од 11 километри

Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да…

December 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?