Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Јасен“ доби современа противпожарна опрема
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Јасен“ доби современа противпожарна опрема
МАКЕДОНИЈА

„Јасен“ доби современа противпожарна опрема

Објавено February 11, 2026 14:19
Сподели
Сподели

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски, министерот за локална самоуправа Златко Перински и директорот на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“, Ангеле Сотировски, денеска присуствуваа на настан организиран по повод испораката на современа противпожарна опрема за „Јасен“, обезбедена во рамки на прекуграничниот проект „Превенција и управување со шумски пожари во прекуграничната област како средство за адаптација кон климатските промени (WILD-A)“.

Како што посочи заменик-претседателот на Владата, Димовски, испорачаната опрема претставува значаен резултат од проектот којшто се имплементира во рамки на Програмата за прекугранична соработка „Грција – Северна Македонија 2021–2027“, финансирана од Европската Унија. Димовски истакна дека проектот е насочен кон превенција од шумски пожари и заштита на биодиверзитетот во две високоризични подрачја – приградската борова шума во Едеса, Република Грција, и повеќенаменската природна заштитена област „Јасен“ во Македонија.

– Во рамки на проектот, за потребите на „Јасен“ се обезбедени противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани противпожарни пумпи и резервоари за вода, оптички систем за надзор со долг дострел, како и багер со лопата за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари. Дополнително, предвидена е и набавка на лична заштитна и професионална противпожарна опрема за шумските пожарникари – рече Димовски.

Проектот се спроведува во рамките на првиот повик од ИПА III – Програмата за прекугранична соработка со Република Грција, како соработка меѓу четири организации од двете земји, при што партнери од македонска страна се ЈПУЗПП „Јасен“ и Балканската фондација за одржлив развој. Вкупниот буџет за македонските партнери изнесува 458.370 евра, од кои 91.674 евра се обезбедени како национално кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.

– Пожарите особено во летниот период, кои оставаат пустош зад себе, како што сведочевме и минатата година во „Јасен“, предизвикуваат големи еколошки и економски штети. Нашата обврска е навремено да инвестираме во превенција и подготвеност за ваквите штети да ги спречиме, а не само да ги санираме – посочи министерот за локална самоуправа Перински.

Во рамки на проектот се предвидува и примена на техничко решение, систем за рана детекција и гаснење на пожари, од страна на регионалните власти, со можност за понатамошно реплицирање во други високоризични подрачја, како и активности за научна експертиза, истражувања и поддршка на кампањи за подигање на јавната свест.

– Со заедничка соработка, знаење, технологија и посветеност, ние не само што ги намалуваме ризиците од шумски пожари, туку ја поттикнуваме интеграцијата, одговорноста и активното учество на локалната заедница, истакна директорот на „Јасен“ Сотировски.

Вкупниот одобрен буџет на ЈП „Јасен“ како партнер во проектот, изнесува 338.370 евра, од кои 298.290 евра се наменети за набавка на опрема.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Манасиевски: Луѓе на Спасовски диктирале кој да се гони, а Катица Јанева само ги потпишувала желбите на СДС
Следна Статија Казна од 1300 евра при контрола на градилиште во општина Аеродром

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На празникот 8 Септември, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

На државниот празник 8 Септември, Денот на независноста, автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе сообраќаат по неделен возен ред. Од…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Вашингтон денеска Стратешки дијалог Македонија – САД

- По пауза од четири години, во Вашингтон денеска ќе се одржи втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија…

April 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Арсовска одбива да соработува со Одделот за внатрешна контрола при МВР

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска има 24 – часовно обезбедување кое се грижи за нејзината сигурност. МВР, по препорака…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Се воведува единствен електронски број на граѓанинот

Инфраструктура за интероперабилност меѓу институците постои, но тоа не е само ИТ прашање. Не се доволни 2,6 милиони трансакции месечно…

December 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?