Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Туризмот е еден од нашите приоритети, охрабрува што бројот на странски туристи е зголемен над 10 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Туризмот е еден од нашите приоритети, охрабрува што бројот на странски туристи е зголемен над 10 проценти
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Туризмот е еден од нашите приоритети, охрабрува што бројот на странски туристи е зголемен над 10 проценти

Објавено February 12, 2026 15:53
Сподели
Сподели

Туризмот е еден од нашите приоритети, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со овој сектор во земјава.

-Минатата 2025 година според бројките кои ги објави Државниот завод за статистика имаме зголемен број на туристи, некаде над 6 проценти. Но, она што посебно охрабрува е што е зголемен бројот на странски туристи над 10 проценти. Се ближиме кон бројката од 3 ипол преноќувања што претставува значаен податок, вели Мицкоски.

Премиерот посочи дека продолжува праксата за посета на Македонија од организирани групи, а тој очекува и иден двоцифрен број на раст кај странските туристи.

 

-Паралелно работиме во поддршка на изградба и реновирање на постоечките сместувачки и угостителски капацитети. Целта наша е да успееме да дојдеме, ако е возможно, до 5 милиони преноќувања во Македонија. Работиме во таа насока, вели Мицкоски.

 

Државниот завод за статистика соопшти дека вкупниот број на туристите во земјава лани бил поголем за 6.0 % во однос на 2024 година. Кај странските туристи има зголемување од 10.3 %, а кај домашните намалување од 2.2 %.

Бројот на ноќевањата, пак, бележи раст од 0.8 %. Кај домашните туристи има намалување за 4.1 %, а кај странските раст од 6.4 %. Во декември 2025 година, од вкупниот број туристи, 36.7 % биле домашни, а 63.3 % се странски туристи.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФДА одбива да го разгледа мРНК вакциналниот пристап на Moderna за грип
Следна Статија Пожарникар нападнат во Куманово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Очекувања од четвртиот квартален извештај на Goldman Sachs

Goldman Sachs подготвен да ги претстави своите финансиски резултати со потенцијален оптимизам

January 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Одржана седница на Советот на Народната банка: Стабилноста на банкарскиот систем и натаму јакне

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, го усвои Извештајот за ризиците за банкарскиот сектор за вториот квартал од…

October 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Форумот на повратници во државата: Вратите на Македонија се широко отворени

Денес зборувам пред луѓе кои носат посебна тежина во ова општество, луѓе кои ја знат татковината одвнатре и од надвор.…

December 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јорданоски: Ниски откупни цени, неорганизиран пласман и нелојална конкуренција дел од предизвиците во земјоделството

Она што може да се дефинира како значајни проблеми и предизвици во делот на пласманот на земјоделското производство се ниски…

December 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?