Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Принцот Вилијам јавно го спомна својот брат Хари за првпат по шест години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (Видео) Принцот Вилијам јавно го спомна својот брат Хари за првпат по шест години
ЗАБАВА

(Видео) Принцот Вилијам јавно го спомна својот брат Хари за првпат по шест години

Објавено October 27, 2024 17:40
Сподели
Сподели

Документарен филм во два дела насловен „Принц Вилијам: Можеме да ставиме крај на бездомништвото“ ќе биде прикажан на британската ИТВ за неколку дена. Деновиве се објавени неколку кратки клипови, а во еден Вилијам го споменува својот брат Хари.

Многумина беа изненадени што принцот го спомна братот со кој не е во добри односи. Тоа е првпат јавно да го каже неговото име во последните шест години, од заедничко учество на Форумот на Кралската фондација во 2018 година.

Вилијам се присети на моментот кога неговата покојна мајка принцезата Дијана првпат го однела во добротворната организација за бездомници „Пасаж“.

„Мајка ми ме однесе во ‘Пасаж’. Всушност, таа не’ однесе мене и Хари таму. Мислам дека тогаш имав 11 или можеби 10 години. Никогаш порано не сум бил на такво место, па бев малку загрижен, не знаев што ме чека таму“, рече Вилијам.

Принцот ги раскажа деталите за тоа што се случило тој ден.

„Мајка ми го правеше своето вообичаено, се смешкаше и се шегуваше со сите. Се сеќавам дека мислев: „Па, ако сите немаат дом, сите ќе бидат навистина тажни“. Но, беше неверојатно колку е среќно опкружувањето. Се сеќавам на добрите разговори, играњето шах, и тогаш се сетив дека постојат други луѓе кои немаат ист живот како мојот“, изјави Вилијам.

Браќата неодамна присуствуваа на погребот на деверот на нивната мајка, лордот Роберт Фелоус. Тие седеа одделно во задниот дел на црквата и не зборуваа. Долго време не се блиски, а британските медиуми пренесуваат дека не разговарале речиси две години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Илон Маск: Вистинската закана за демократијата се оние кои го обвинуваат Трамп за истото
Следна Статија Али Ахмети со писма до меѓународни лидери бара заштита на Охридскиот договор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Лила: Куме мој, “Ако утре ме нема” ти реков дека многу ми се “свиѓа”, без да помислам дека таа песна ти ја претскажа тажната судбина

По траорната вест за над 60 починати во пожарот во дискотеката во Кочани и стотици повредени, за жал, животот го…

March 16, 2025
ЗАБАВА

Орце Ѓоргиевски: „EXIT“ доаѓа во Скопје!

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски, информира дека е постигнат договор со основачот на „EXIT“ фестивалот, г-дин Душан Ковачевиќ,…

September 8, 2025
ЗАБАВА

Еве зошто Теа Таировиќ се омажи во четврток

Познатата пејачка Теа Таировиќ вчера се омажи за Иван Вардај, а нејзината долгогодишна пријателка беше  кума на интимната свадба. Бидејќи црвената…

April 25, 2025
ЗАБАВА

Atlus се подготвува за 30-годишнината на Persona во 2026 година, признавајќи ја поддршката за обновување на Persona 4

Компанијата со нетрпение очекува да направи "друго соопштение"

December 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?