Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Енормно загадување на водата во Струга
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Енормно загадување на водата во Струга
МАКЕДОНИЈА

Енормно загадување на водата во Струга

Објавено February 13, 2026 15:05
Сподели
Сподели

По информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни потреби на подрачјето на Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.

Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење“, информираа од Обвинителството.

При увидот, дополнуваат оттаму, треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.

Директорот на локалниот ЈП „Водовод“ Меџијаит Јусуфоски вчера си поднесе оставка од морални причини, откако пет дена имаше криза со загадена вода во Струга. Тој состојбата со водата ја окарактеризира како „катастрофална по здравјето на граѓаните“.

Од чешмите во Струга тече темнокафеава вода, а првичните анализи на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) покажаа дека заматеноста е дури 30 пати над дозволеното. Водата е прогласена за технички неисправна и не смее да се користи ниту за пиење, ниту за готвење, ниту за лична хигиена.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Извршниот директор на AppLovin ги потценува ризиците од вештачката интелигенција
Следна Статија Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Еден осуденик ја чини државата околу 1000 евра, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов вели дека еден осуденик, месечно ја чини државата околу 1.000 евра.…

October 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на конститутивната седница: „Време е за работа – Скопје ќе биде модерен и чист град

На конститутивната седница на Советот на Град Скопје, новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски упати порака за единство, одговорност и приоритети насочени…

November 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Левица предложи нов закон за 18 месеци платено породилно отсуство

„Во време кога Македонија се соочува со сериозна демографска криза, Левица предложи нов закон за 18 месеци платено породилно отсуство,…

March 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Антонио Кошта денеска во Скопје, потоа заедно со Мицкоски во Тирана со лидерите на Западен Балкан

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта како дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, денеска ќе престојува во…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?