Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Платата на директорот на Мајкрософт се зголеми за 63 отсто
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Платата на директорот на Мајкрософт се зголеми за 63 отсто
Blog

Платата на директорот на Мајкрософт се зголеми за 63 отсто

Објавено October 27, 2024 19:40
Сподели
Сподели

Главниот извршен директор на Мајкрософт, Сатја Надела, доби зголемување на платата од 63 отсто во 2024 година, според регулаторни документи објавени денеска, јави ДПА.

Најголемиот дел од пакетот за компензација на Надела е во акции на Мајкрософт, додека паричниот дел е повеќе од 50 отсто помал отколку што му бил предвиден, по негова молба поради неодамнешни безбедносни проблеми.

Според извештајот, Надела добил компензација вредна 79,1 милион долари за фискалната 2024 година, што е значителен пораст во однос на минатогодишните 48,5 милиони долари. Пакетот вклучува основна плата од 2,5 милиони долари, акции вредни 71,2 милиони долари и 5,2 милиони долари во други бонуси.

Комитетот за компензација објасни дека ја следел политиката на плаќање според учинокот. Надела побара намалување на паричниот дел на бонусот поради неодамнешните безбедносни проблеми. Сепак, според оценките, тој се квалификува за бонус од 10,6 милиони долари, но му беа доделени 5,2 милиони долари, што е намалување од 50 отсто.

Финансиската директорка Ејми Худ добила 25,8 милиони долари, а комерцијалниот директор Џадсон Алтоф добил 23,05 милиони долари за 2024 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голи во бањата! Нова шок фотографија на Пи Диди и Џенифер Лопез од “белите” забави (ФОТО)
Следна Статија Apple нуди милион долари на секој што ќе успее да го пробие нивниот нов систем за вештачка интелигенција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Укинувањето на монетата од еден цент ќе ги чини Американците милиони долари поради заокружување на цените

Постепеното укинување на монетата од еден цент би можело да ги чини Американците околу 6 милиони долари годишно, бидејќи трговците…

July 13, 2025
Blog

Венс оди на разговори со Иран

Венс оди на разговори со Иран во момент кога Вашингтон и Техеран влегуваат во нова, многу почувствителна фаза од кризата:…

April 10, 2026
Blog

Во Германија тестираат ново гориво: Еве ги предностите на бензинот Super E20

Германските бензински пумпи наскоро може да понудат ново гориво - Super E20, кое содржи двојно повеќе биоетанол од моментално достапниот…

June 24, 2025
Blog

Kaко малиот клуб од Мадрид стигна до европско финале

Екипите на Кристал Палас и на Рајо Ваљекано ќе играат во финалето на Конференциската лига. Натпреварот ќе се одржи на…

May 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?