Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mицкоски во Минхен ќе се сретне со Зеленски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Mицкоски во Минхен ќе се сретне со Зеленски
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски во Минхен ќе се сретне со Зеленски

Објавено February 14, 2026 16:11
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски со низа билатерални средби на вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција ја продолжи интензивната дипломатска агенда во Минхен.

Мицкоски, во изјава од Минхен информира дека оствари средби со холандскиот премиер, Дик Схоф и Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет, дека присуствуваше на обраќањето на американскиот државен секретар Марко Рубио, а најави и  средби со претседателот на Украина, Володомир Зеленски, амбасадорот Гренел и претставникот на финансиската групација Голдман Сакс.

– Добар ден од Минхен, вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција. Денот го започнавме на средба со господинот Тед Дојч, инаку претседател на Американско-еврејскиот комитет. Средба на која што разговаравме за глобалните безбедносни предизвици, но и мирот кој што секогаш треба да претставува наша цел кон која што како политичари треба да се стремиме, изјави Мицкоски.

Веднаш потоа, како што посочи Мицкоски, присуствувал на исклучително инспиративното обраќање на американскиот државен секретар, Марко Рубио.

– Обраќање на коешто тој уште еднаш потенцираше за глобалните светски предизвици пред се безбедносни, но и она коешто за него е особено важно, а и она што особено беше важно во неговото обраќање, а тоа е нераскинливата врска помеѓу Европа како континент и Америка како континент, или да бидам попрецизен, како што тој ја нарече Америка – дете на Европа. Она што тој го порача и беше негова главна порака е дека како партнери и како пријатели треба да продолжиме да соработуваме во светот, и не само во рамките на НАТО алијансата, туку и заедно да ги решаваме сите безбедносни предизвици, но и економски предизвици кои што се исправени пред нас како два различни континента – Европа и Америка, изјави Мицкоски од Минхен.

Мицкоски имаше билатерална средба со холандскиот премиер Дик Схоф, на која, како што посочи, разговарале за три важни работи за нас како држава.

– Првата, ние се наоѓаме во истата конституенца заедно со Холандија во СБ и ММФ. Под два, тоа се холандските инвестиции во Македонија, но и соработката со мултинационалната компанија Филипс и можноста за соработка во здравствениот сектор. И трета тема која што ја разговаравме – евроинтегративните процеси на Македонија во рамките на Европската Унија, изјави Мицкоски.

Тој, како што најави, денот го продолжува со други средби и состаноци.

– Една од тие средби ќе биде и средбата со претседателот на Украина, господинот Володомир Зеленски, потоа амбасадорот Гренел и исто така претставникот на финансиската групација Голдман Сакс. Следете нè – продолжуваме со убави вести, продолжуваме со пријатни изненадувања за македонските граѓани и за Македонија, изјави Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.

Мицкоски е придружуван од министрите за одбрана, Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и за внатрешни работи, Панче Тошковски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ: Се чувствувам како Грк
Следна Статија Чеда Јовановиќ е многу љубоморен на дечкото: Му ги брише пораките во мобилниот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Томовски: Државата обезбеди авиокарти и сместување за најблиските членови од семејствата на повредените, но помошта не застанува тука

Одма, веднаш на првата владина седница донесовме одлука дека ќе издвоиме почетни 30 милиони денари за да се помогне на…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се бара одговорност: Ископувањата околу изворот „Шум“ се причина за матноста на водата во Струга

Ископувањата направени околу изворите во „Шум“, се главна причина што ја предизвикала матноста на водата од која се снабдуваат Струга…

February 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Муцунски ѝ понуди помош на Швајцарија – македонски лекари можат да помогнат во лекувањето на повредените во пожарот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вчера попладне информира дека по трагичната несреќа што се случи за…

January 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонија е блиску до склучување договор со САД: Највисоката тарифа ќе биде 15 отсто, а за некои клучни производи и индустрии и помалку

Многу сме блиску до склучување договор. Заедничката изјава е потврда за тоа. И со тие неколку држави со кои САД…

February 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?