Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поплави низ Македонија: И понатаму критично во Кичево и во Гостивар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поплави низ Македонија: И понатаму критично во Кичево и во Гостивар
МАКЕДОНИЈА

Поплави низ Македонија: И понатаму критично во Кичево и во Гостивар

Објавено February 16, 2026 10:10
Сподели
Сподели

Обилните врнежи од дожд во текот на викендот предизвикаа проблеми низ целата држава. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека најкритична е состојбата во Кичево и Гостивар, каде екипите на противпожарната единица, полицијата и комунални служби биле на терен во текот на целата ноќ.

Според ЦУК, најкритична состојба е регистрирана во селото Форино кое е најпогодено од поплавите. Поплавени се и земјоделски површини во селата Чајле, Турчане, Врапчиште и Беловиште.

Во Југозападниот Регион, во Кичево, на улица „Прилепска“ од ЦУК велат дека е регистрирано најголемо поплавување на куќи и евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Заезерувања имало и на улицата „29 Ноември“ во населбата Подварош каде се поплавени подруми во повеќе куќи.

Од ЦУК велат дека поплавени се и објекти на болницата во Кичево.

Организирана е достава на храна и вода за загрозените лица со поддршка на Црвен крст, а на терен активно работат екипи од полицијата, комуналното претпријатие и противпожарната служба“,се вели во утринското соопштение од ЦУК.

Поплавени земјоделски површини има и во селото Опае во Општина Липково, каде е излеана Слупчанска Река. Во Североисточниот Регион поплавени земјоделски површини има и во селото Оризаре, а во Куманово, во селото Доброшане на локацијата Шупли Камен, кај мостот на Кумановска река има насобрани пластични шишиња, но засега нема опасност од излевање на реката, додаваат од ЦУК.

Надлежните велат дека во Скопскиот Регион, во Општина Сарај состојбата е мирна и се следи, додека во Општина Зелениково има минимално излевање на реката Вардар кај селата Пакошево и Ново Село, но оти нема непосредна опасност.

Во Југоисточниот Регион, во Струмица, засега нема пријавени штети од врнежите од дожд, а кај селото Суви Лаки кон Берово бил пријавен одрон и за истиот биле известени надлежните служби.

 

Во Источниот Регион, во Пробиштип, од ЦУЛ велат дека бил регистриран прекин во снабдувањето со електрична енергија во селата Долни и Горни Стубол и оти екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот.

Од Секторот за хидрологија при Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека поради високиот водостој на неколку реки во земјата постои опасност од излевање на речните корита во повеќе региони.

Според последните мерења, реката Вардар во своето горно течение бележи исклучително висок водостој кој се задржал во текот на целата ноќ. Опасноста од излевање во овој дел е сè уште активна. Слична е состојбата и со реката Треска, каде иако е забележано опаѓање на нивото, водата е сè уште на критично ниво и постои опасност од излевање на реката на некои делници по течението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рубио пристигна во Будимпешта
Следна Статија Рајман: 30-годишно издание добива физичка Switch верзија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пратениците од СДСМ ја напуштијата расправата за Резолуцијата за мигрантите која треба да ги осуди нивните лаги

Пратениците од опозициската СДСМ денеска ја напуштија собраниската седница, на која во тек се опозициски пратенички прашања, откако координаторот на…

December 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Камала Харис зборуваше за Илинденското востание

Во едно несекојдневно писмо до македонско-американската заедница потпретседателката Камала Харис, која е и кандидат за претседател на демократите, искажа редица…

October 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ќе има покачување на пензиите, Владата го донесе предлогот за измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување

Владата на денешната седница го усвои предлог-законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување…

July 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Четворица од повредените во Кочани денеска ќе бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов“

Четворица од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија денеска ќе бидат пуштени на…

April 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?