Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Удрил во куче, па преминал на спротивната лента- загина младо момче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Удрил во куче, па преминал на спротивната лента- загина младо момче
ХРОНИКА

Удрил во куче, па преминал на спротивната лента- загина младо момче

Објавено February 16, 2026 17:04
Сподели
Сподели

Тешка сообраќајна несреќа со смртен исход се случила на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, кај местото викано „Смилчинци“, во општина Старо Нагоричане. Во несреќата починал 25-годишен возач, а уште три лица се здобиле со тешки повреди.

 

Според информациите од СВР Куманово, несреќата се случила во неделата, 15 февруари 2026 година, околу 19:05 часот. Патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот С.Т. од село Нерав, најпрво удрило во куче скитник. По ударот, возилото преминало во спротивната сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „БМВ“, управувано од 27-годишниот Ф.Ј. од село Длабочица.

 

Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајцата возачи, како и две сопатнички од возилото „БМВ“ – А.С. (20) и С.Ј. (53), двете од Крива Паланка. Повредите биле констатирани во Општата болница во Куманово. Возачот на „голфот“, 25-годишниот С.Т., им подлегнал на повредите, а телото е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Палчо и екипата на девети април пред Апелација ќе бараат судењето да се врати од почеток
Следна Статија Азески ги поддржа превозниците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Убиле старец и го закопале во близина на неговата куќа, уапсени три лица

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С.Ф. (19) и С.Ф.(44)…

April 2, 2025
ХРОНИКА

Се бара 4-годишниот Хадис – облечен е во зелено, последен пат е виден во Ченто!

Четиригодишниот Хадис е изгубен во населбата Ченто во Скопје, а неговите родители на социјалните мрежи бараат помош од граѓаните за…

October 29, 2024
ХРОНИКА

Обезбедени уште четворица досега недостапни за случајот „ФФМ“

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираа дека во рамките на предметот поврзан со Фудбалската федерација на Македонија…

June 21, 2026
ХРОНИКА

Јахоски може да излезе од Шутка само ако депонира 72.000.000 денари, вели обвинителството

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се согласи на можноста за укинување на притворот за Асмир…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?