Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Синдикатите утре на протест ќе ја блокираат владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Синдикатите утре на протест ќе ја блокираат владата
ЕКОНОМИЈА

Синдикатите утре на протест ќе ја блокираат владата

Објавено February 16, 2026 17:56
Сподели
Сподели

Зградата на Владата утре напладне ќе биде блокирана од синдикалците како знак на протест против неисполнувањето на барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра и за сите други плати за 100 евра. Од ССМ велат дека револтот расте, откако пратениците го игнорирале нивното барање за намалување на платите за 80% на функционерите, со цел да се намали базата за пресметка на просечната и минималната плата.

„Сметаме дека по утрешната блокада, сопствениците и работодавачите ќе покажат разбирање, бидејќи видоа дека, покрај сите закани и притисоци, не се предаваме и нема да се откажеме додека не се зголемат минималните плати и другите плати. Ќе се видиме утре во 11:00 пред Владата!“, изјави Трендафилов.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, истакна дека следниот чекор ќе биде генерален штрајк во јавниот и приватниот сектор.

Генералниот штрајк ќе се одржи на целата територија на државата, а сите вработени во приватниот сектор ќе бидат повикани да не одат на работа и да се приклучат на протестот што ќе се организира како дел од штрајкот. Оваа одлука ќе се донесе по утрешниот протест и по одлуките на седницата на Владата.

„Колку повеќе работниците ќе се поддржуваат меѓусебно, толку повеќе ќе добијат, бидејќи се гледа дека ако работниците не се поддржуваат, претставниците на Владата и работодавачите, не само сегашните, туку и претходните, не го сфаќаат дека вработените заслужуваат плата. Пораката што работниците ја испраќаат преку стравот и неизлегувањето на улица е дека се задоволни со платите и се плашат, слушајќи повеќе политика отколку да се борат за зголемување на платите.“, вели Трендафилов.

На последниот дијалог во Социо-економскиот совет, Владата и работодавачите го образложија непокачувањето на платите со продуктивноста на работното место. ССМ објави податоци од Меѓународната организација на трудот според кои работниците во Македонија произведуваат повеќе од двојно економска вредност од сумата што ја примаат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Законот за високо образование е тоталитарен, да се повлече веднаш!
Следна Статија Бензините поскапуваат, дизелот останува на исто

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Готовината сѐ уште доминантен метод за плаќање при онлајн нарачките

Народната банка ги објави новите податоците за платежната статистика за трите квартали од 2024 година кои покажуваат постојан тренд на…

January 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: До крајот на месецов целосно ќе биде трансфериран заемот од Унгарија

Сите формалности за заемот од Унгарија се завршени од наша и од нивна страна, а кај нас поминаа и на…

October 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

Бензините поевтини за половина денар, дизелот поскап за исто толку

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а за исто толку поскапува дизелот, одлучи денеска Регулаторната…

November 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Синдикатите оптимисти дека минималната плата ќе се зголеми на 450 евра, за работодавачите не е прифатливо паушално зголемување

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов е оптимист дека може да се најде прифатливо решение за…

December 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?