Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сите освен Панчевски ги исполнуваат условите да бидат нов Јавен обвинител
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сите освен Панчевски ги исполнуваат условите да бидат нов Јавен обвинител
МАКЕДОНИЈА

Сите освен Панчевски ги исполнуваат условите да бидат нов Јавен обвинител

Објавено February 17, 2026 15:00
Сподели
Сподели

Советот на јавните обвинители денеска даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител. Позитивно мислење добија сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ. За кандидатурата на Владимир Панчевски едногласно одлучи дека тој не ги исполнува условите предвидени со законот во однос на работниот стаж.

Претседателот на Советот, Башким Бесими, пред медиумите истакна дека членовите постапиле исклучиво врз основа на законските критериуми.

– Ние, во согласност со законот ги разгледавме сите пријавени кандидати и ценевме дека ги исполнат условите во согласност со законот и затоа дадовме позитивно мислење. Сите кандидати се јавни обвинители, а еден е судија со успешно работење и во Јавното обвинителство и во судовите. И не можевме како членови да ги делиме зашто сите имаат по 25 или 15 години стаж како обвинители и затоа дадовме позитивно мислење – рече Бесими.

Во однос на забелешката дека кандидатката Лидија Раичевиќ во претходниот избор од истиот Совет добила негативно мислење, Бесими посочи дека тоа е одлука на поранешниот состав.

– Тоа била нивна одлука. Сега имаме нови членови и ново разгледување. Не е пресудно дали некој бил на раководно место. Некој можеби никогаш нема да биде ничиј шеф, па сепак може да биде републички јавен обвинител – изјави тој.

На новинарско прашање зошто не биле повикани кандидатите на интервју, иако Деловникот ја дава таа можност, Бесими објасни дека членовите веќе добро ги познаваат кандидатите и дека нема законска обврска за интервју.

Во врска со новиот закон што предвидува поголема транспарентност и доставување програма од кандидатите, Бесими истакна дека Советот морал да постапи по актуелниот закон.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Во согласност со Законот за Јавното обвинителство, кандидатурите што беа пристигнати во Собранието беа препратени до Владата, која потоа бара мислење од Советот на јавните обвинители за сите кандидати. Советот е должен да достави образложени мислења во рок од 15 дена до Владата по што таа до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Влада: Авионот е користен согласно прописите, опозицијата шири хипокризија и сензационализам
Следна Статија ПСЖ вечерва едноставно мора да победи во Монако

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Над 70 отсто од младите во Македонија се коцкале, а 17,8 отсто се зависници од комар

Значаен процент од младите во Република Македонија веќе стекнале зависност од играње игри на среќа, беше истакнато на денешната прес-конференција…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Специјален 5-член тим на обвинители ќе ја истражува кочанската трагедија

Од Обвинителството информираат дека е формиран обвинителски тим кој ќе ги утврдува причините за трагедијата во Кочани. Од Обвинителството информираат…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес пеколно топло со температури од 43 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Партнерот на Дрин Ахмети во „Соравија“ и фирмата „Ѓока“ за паркингот во Клинички под истрага во Албанија

Специјалната антикорупциска структура (СПАК) во Тирана, која е една од најважните и најмоќните институции во Албанија, ја суспендираше од функцијата…

November 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?