Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Игновски сведочеше во „Пулс“: Продадени осум топли фонтани на член на ДНК, опремата била набавена од Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Игновски сведочеше во „Пулс“: Продадени осум топли фонтани на член на ДНК, опремата била набавена од Бугарија
МАКЕДОНИЈА

Игновски сведочеше во „Пулс“: Продадени осум топли фонтани на член на ДНК, опремата била набавена од Бугарија

Објавено March 9, 2026 14:44
Сподели
Сподели

На продолжението од судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“, во Идризово сведочеше Горан Игновски, долгогодишен трговец со сценска и аудио-опрема, кој повеќе од три децении работи со озвучување, осветлување и сценски ефекти.

Игновски пред судот изјави дека околу година и пол пред пожарот им продал опрема за пиротехнички ефекти на членови на групата ДНК. Според неговото сведочење, Панчо купил уред за далечинско активирање, додека на друг член на бендот, идентификуван како Буцо, му биле продадени осум топли фонтани.

Станува збор за пиротехнички средства кои, како што појасни сведокот, вообичаено не ги нудел во продажба поради законските ограничувања. Сепак, тој признал дека од Бугарија лично донел околу стотина парчиња од брендот „Тропик“, првенствено за демонстративни цели. Дел од таа количина, вклучително и осум фонтани, биле продадени на ДНК.

Игновски не можеше со сигурност да каже дали токму тие прскалки биле употребени кобната вечер во Кочани. Потсети дека групата редовно користела ваков тип ефекти на настапите, па според негова проценка, низ изминатиот период биле потрошени значително повеќе парчиња.

Тој спомена и претходен инцидент во дискотеката „Де Факто“ во Гевгелија, каде што со слични фонтани било предизвикано запалување на сценска опрема.

Сведокот објасни дека топлите фонтани функционираат на барут и имаат поголем домет, поради што претставуваат поголем ризик при употреба во затворен простор. За разлика од нив, ладните фонтани се поскапи и се сметаат за побезбедни за сценска употреба.

Уредите за активирање, рече тој, биле легално увезени од Кина и се продавале по цена од околу 150 евра. По трагедијата, престанал да продава ваков вид опрема, а едно од преостанатите куферчиња го предал на полицијата.

Во судницата потврди дека топлите фонтани ги набавил без соодветни дозволи и дека сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, никогаш не купувал пиротехника од него. Наведе и дека во периодот кога ја продавал оваа опрема не биле вршени контроли од надлежните институции, иако производите имале предупредувачки ознаки.

Одбраната отвори прашање дали, со оглед на признанието за нелегален увоз, сведокот треба да сноси одговорност. Обвинителството, пак, посочи дека според нивната теза, клучниот фактор за големиот број жртви не била самата пиротехника, туку недостигот на соодветен излез за евакуација.

Пожарот во „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година за време на настап на ДНК. Во несреќата загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. На обвинителна клупа се повеќе од 30 физички и три правни лица, обвинети за тешки дела против општата сигурност.

Судењето продолжува со нови сведоци предложени од обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија EssilorLuxottica heir seeks multibillion deal to buy out siblings – Financial Times
Следна Статија Nvidia Stock Is Rising Again after a 2% Gain on Wednesday — What’s Driving the Rally? – TipRanks

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Венера Латифи Азизи назначена за портпаролка на Владата

Венера Латифи Азизи е именувана за портпаролка на Владата на Република Македонија. Латифи Азизи e поранешнa уредничкa и новинарка во…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Специјализациите во медицината од шест се скратуваат на пет години

Од новата академска година се менуваат специјализациите по интерна медицина и по општа хирургија на медицинските факултети во Скопје, Тетово…

April 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Бугарија доби официјален протест, амбасадорот Радуков повикан во МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата…

July 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од 58 земји, македонските ученици се на 47. место по знаење за природни науки, а на 44. по математика

Во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место. Во природни науки сме три места подолу, односно…

December 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?