Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадиновски: „Сејф сити“ покажа дека менталитетот брзо се прилагодува на правила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Костадиновски: „Сејф сити“ покажа дека менталитетот брзо се прилагодува на правила
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: „Сејф сити“ покажа дека менталитетот брзо се прилагодува на правила

Објавено February 17, 2026 16:25
Сподели
Сподели

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска информираше дека во врска со системот „Сејф сити“ се оформени четири постапки. Тој истакна дека овој проект покажал дека нашиот менталитет може брзо да се промени, односно да се приспособи кон одредени правила.

“Формирани се четири предмети. Точно е дека ќе се постапува, бидејќи тоа е новина во нашата земја. Постапувањето по тие предмети ќе биде брзо. Не можам предвреме да давам лична анализа. Веќе сум го искажал мојот личен став. Дали овој проект има легитимна цел? Да. Дали е општествено оправдан? Да. Дали мерките што ги предвидува се пропорционални на целта што треба да се постигне? Мојот став е да.”

Тој додаде дека го искористил овој проект како пример на меѓународна конференција, одговарајќи на прашање за неговата упорност во развивањето на уставната култура и неговиот оптимизам. “Да, оптимист сум. Токму овој проект „Сејф сити“ ни покажа дека нашиот менталитет може многу брзо да се промени, односно да се приспособи. А на што се приспособува? На правила. Не сме безнадежен случај. Не сме, доколку во нашата земја постои вистинска и реална подготвеност од сите чинители за почитување на владеењето на правото. Да, имаме добра перспектива и добра иднина. И оптимист сум”, рече Костадиновски.

Во однос на предлогот професорот Гоце Наумовски да стане нов уставен судија, кој претходно бил советник на премиерот, Костадиновски истакна дека и тој самиот бил советник на тројца претседатели.

“Во уставното судство постојат различни типови на судии со различен пристап во толкувањето на Уставот. Има рестриктивни толкувачи кои се држат строго до текстот, текстуалисти кои механички го толкуваат, но и судии кои го толкуваат во најширока можна смисла, а јас спаѓам во таа група. Доаѓањето на луѓе од академската средина, како што е од факултет, за мене е добра вест за уставното судство. Што се однесува до неговата функција како советник на премиерот, јас бев советник на тројца македонски претседатели. Вршењето на должноста е дел од карактерот и кредибилитетот на човекот. Дали бил советник на премиер или јас на тројца претседатели, нема никакво значење. Нашата работа се оценува токму во оваа просторија. Повеќепати сум нагласил, и сите мои шест книги се посветени на лојалноста кон Уставот. Лојален сум на Уставот и на никој друг. И тоа го очекувам и од новиот колега, доколку биде избран, и од другиот што треба да дојде, и од досегашните судии”, рече тој.

 

Во врска со предлогот на ДУИ за примена на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд, Костадиновски истакна дека тој е значаен, но првенствено за политички органи како Собранието, каде се донесуваат законите.

Јас веќе го искажав мојот став по ова прашање. Бадентеровиот принцип е многу важен, но за политички органи како што е Собранието, каде се носат, менуваат и дополнуваат законите. Уставниот суд не е политички орган. Ако Бадентер се примени во Уставниот суд, тоа би значело дека наместо правни, други видови на резонирања би одлучувале за уставноста и законитоста, како и за слободите и правата на човекот и граѓанинот. Такво нешто нема никаде во светот. Затоа бев малку поостар во смисла дека ако нешто такво се случи, подобро е оваа институција да стави клуч и да нема потреба од нејзино постоење, ако такво нешто се предвиди овде. Значи, законите и нивната примена претставуваат гаранција за слободите и правата на секој граѓанин, па и на немнозинските заедници. Тоа е смислата на Бадентеровиот принцип. Лично сметам дека Бадентеровиот принцип нема место ниту во Судскиот совет, бидејќи таму важат други критериуми. Кога се применува Бадентеровиот принцип, нема правни аргументи. Други видови на аргументи ќе пресудуваат за одлуките”, истакна тој.

Што се однесува до Законот за употреба на јазиците, Костадиновски наведе дека сè уште е во сила заклучокот за одржување на подготвителна седница.

Очекувам многу брзо да се комплетира Уставниот суд и веднаш на првиот работен состанок природно ќе се отвори прашањето. Имаме заклучок дека треба да се одржи подготвителна седница. Тој не е променет. И ниту еден судија не побарал да се смени. Кај нас одлуките се носат со пет гласа. Можеби некој судија ќе рече дека нема потреба од подготвителна, па тој предлог ќе оди на гласање. Во моментов, заклучокот за одржување подготвителна седница е сè уште во сила и треба да се одржи, ако јас се прашувам, бидејќи беше мој предлог. Зошто е добро? За таа подготвителна веќе имаме донесено став, ќе се снима во живо, секој граѓанин ќе може на својот телефон да види за што всушност расправаме”, рече претседателот на Уставниот суд.

 

Костадиновски апелира граѓаните да не наседнуваат на политички манипулации.

 

“Многу ми е важно граѓаните да слушнат за што всушност зборуваме, дека нашите одлуки не се причина за страв. Дали се случи нешто страшно со Балансерот со нашата одлука? Сега ќе има законско решение. Пред тоа беше уредено со подзаконско решение. Уставна материја операционализирана со подзаконски решенија – такво нешто не постои. Уставните одредби се операционализираат со законски решенија, а законските со подзаконски. Верувам дека тој закон ќе биде подобар, особено што поминал и филтерот на Венецијанската комисија, барем според јавно достапните информации. Треба да престанеме да глумиме владеење на правото и да глумиме правна држава. Или сме правна држава, или владее правото, или за 10 години повторно ќе се чудиме како се најдовме во ваква ситуација”, рече тој.

Во однос на барањето на албански студенти правосудниот испит да го полагаат на албански јазик, Костадиновски наведе дека не сака да прејудицира и ќе се воздржи од коментар додека има предмет за Законот за употреба на јазиците.

Според Костадиновски, линеарното зголемување на пензиите, начелото на јавност во судството, Законот за потрошувачите, нерезидентните, глобалниот данок и други, се дел од предметите од повисок општествен интерес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ССМ дава рок до крајот на февруари да се зголеми минималната плата, ако не ќе има генерален штрајк
Следна Статија Софија Спасова Медарска во ДКСК: која е новата заменик-претседателка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Внимавајте: Поради магла е намалена видливоста на овие патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри…

January 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Шеесет и два балона со имињата на загинатите во пожарот во Кочани пуштени во воздух, одржана и комеморација

Во знак на сеќавање и почит кон загинатите во пожарот од 16 март годинава во дискотеката „Пулс“, попладнево  во Центарот…

July 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

АРМ со почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

Во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Работна посета на министерот Муцунски на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес престојува во работна посета на германската покраина Северна…

May 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?