Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Панчевски ја објави потврдата од Основниот кривичен суд дека го исполнува условот за државен јавен обвинител
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Панчевски ја објави потврдата од Основниот кривичен суд дека го исполнува условот за државен јавен обвинител
МАКЕДОНИЈА

Панчевски ја објави потврдата од Основниот кривичен суд дека го исполнува условот за државен јавен обвинител

Објавено February 17, 2026 18:29
Сподели
Сподели

Чисто заради сите вас што ме поддржавте во оваа трка за правда! Историјата бележи! Ви благодарам на сите вас, добронамерни луѓе и пријатели желни Македонија да стане правна држава! – објави пред малку на ФБ екс претседателот на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски.

Неговата реакција доаѓа откако денеска Советот на јавни обвинители ја одби неговата кандидатура за државен јавен обвинител затоа што не го исполнувал условот – 10 години непрекинат работен стаж како судија или обвинител во областа на кривичното право.

Потврдата што Панчевски ја објави покажува дека го задоволува условот што од него се бара за избор на државен јавен обвинител.

Во нејзе стои:

„ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ, потврдува дека лицето

Владимир Панчевски бил во редовен работен однос на неопределено време во овој суд, на работно место – Судија од 08.02.2008 година до 28.07.2020 година и има вкупен непрекинат судиски стаж во овој суд од

12 години, 5 месеци и 20 дена.

Во текот на судискиот стаж лицето Владимир Панчевски како судија постапувал во Одделението за организиран криминал и корупција,

Одделот за претходна постапка и Одделот за прекршоци, а истиот беше и Претседател на Основниот Кривичен суд Скопе.

Потврдата се издава на негово барање.“

На потврдата е потпишан Дејан Нешовски како судски администратор на скопскиот Основен кривичен суд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДКСК отвори постапка за злоупотреба на автобуси за изборна промоција
Следна Статија Вечерва низ цела Србија се одржуваат протести по насилството на поддржувачите на СНС врз студентите во Нови Сад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со честитка по повод големиот празник Богојавление – Водици: Бог се јави!

Во името на Владата и во мое лично име, на сите православни христијани им го честитам големиот празник Богојавление –…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пејачот Панчо од ДНК со изгореници на лицето и раката е на кислородна поддршка: Трагичната ноќ во „Пулс“ остави длабоки последици

По пожарот кој сношти изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што настапуваше групата ДНК, пејачот Владимир Блажев-Панчо има изгореници…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДИК ги одби сите 57 приговори поднесени за првиот круг од локалните избори

Државната изборна комисија вчера ги одби сите 57 приговори, поднесени за првиот круг од локалните избори. Триесет и седум од нив…

October 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Пред осумдесет години, ОН се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 80. годишнината од основањето на ООН: „Екселенции, Дами и господа, Пред осумдесет години, Обединетите…

September 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?