Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме, вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме, вели Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме, вели Мицкоски

Објавено February 18, 2026 17:00
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Државниот завод за статистика излезе со извештај за инфлацијата и какви се очекувањата за оваа година, изјави:

Во делот на храната, минатата година имаше „божиќна кошничка“, „јануарска кошничка“ и така ќе биде и во април. Инаку ценам дека ќе се движиме во рамките на проекцијата под 3% на ниво на годишна инфлација оваа година. Кога ќе ја споредиме стапката, горе-долу е иста како во регионов. Освен во соседна Србија каде што е 2,2 – 2,3 поради тоа што они имаат мерка, онаа мерка со ограничување на цените на производите. Првиот момент кога ќе ја напуштат таа мерка, тогаш сето ова ќе се нивелира и наеднаш ќе имаат пик, бидејќи ние тоа го видовме една година пред они тоа да го имплементираат и затоа одлучивме преку други механизми да се бориме против инфлацијата.

Инаку што се однесува до другите месеци, јас очекувам да бидат под 3%. Да речеме има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8%, има Турција каде што е двоцифрена инфлацијата, преку 30%, соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, да ги редам, голем број примери во Европа, каде што инфлацијата е многу поголема од таа што е кај нас. Јас очекувам кај нас инфлацијата оваа година на годишно ниво да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шифрин со злато во слалом
Следна Статија Притвор од 48 часа за двајца Македонци осомничени за шверцот на 5 тона марихуана во Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ова се најстресните професии: Дали сте на листата?

Стресот на работа може да се појави од различни причини. Роковите и постојаната конкуренција вршат притисок за завршување на задачите…

September 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Се унапредува процесот на јавни набавки, поголема транспарентност, ефикасност и конкурентност

Бирото за јавни набавки од 1 април 2025 година, ќе ја стави во функција новата надградена верзија на Електронскиот систем…

March 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бинанс дозволил сомнителни сметки да работат по договорот со САД во 2023 година

Протекувани документи покажуваат континуирана активност и покрај врските со терористички мрежи и неуспешни проверки на идентитет

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Прва жена машиновозач почна да работи во МЖ Транспорт

Зорица Божинова, првата жена со лиценца за машиновозач во Р. Македонија🇲🇰 од денес и официјално вработена во МЖ Транспорт Нека…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?