Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Отсега и на наставничките факултети нема да има вонредно студирање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Отсега и на наставничките факултети нема да има вонредно студирање
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Отсега и на наставничките факултети нема да има вонредно студирање

Објавено February 18, 2026 17:51
Сподели
Сподели

На дел од регулираните професии законот не дозволува вонредно студирање и тоа е во правец на јавниот интерес на државата. Не се дозволува вонредно студирање на Медицинскиот факултет, што и досега е така, но отсега и на наставничките факултети. Тоа е од јавен интерес, тие студии да се модернизираат, да се зајакнат, за да може во иднина да добиеме подобар производ, не последен на ПИСА, туку ученици кои ќе се придвижат нагоре на скалилата на рангирање на знаењето на учениците.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во гостувањето на утринската програма на ТВ Алфа.

Многу нешта променивме од стариот закон. Секогаш почнувам од грижата за студентите. Додадовме неколку значајни елементи кои ним им се многу важни. Дадовме предност во вработување на оние студенти кои ќе се вратат од студиите на првите 100 светски универзитети, на студентите кои се добитници на Инженерски прстен и на најдобрите 10 студенти на универзитетите. Го продолживме нивниот мандат од една на две години во сите тела на факултетите и универзитетите. Дозволивме нивно вработување на проекти и одредивме колку е минимумот што ќе го добиваат како демонстратори. Сметам дека ова е многу значајно и реакциите се многу позитивни, додаде Јаневска, напоменувајќи дека со предлог Законот за високото образование, чија Јавна расправа започнува денес на Универзитетот „Мајка Тереза“, се предвидуваат и измени кои се однесуваат на организацијата на универзитетите, критериумите за избор во звања.

Во овој момент се дискутираат критериумите за избор во наставно-научните звања и имаме промени каде што бараме повеќе научна работа со објавување на научни трудови во бази на научни трудови како што се Web of science и Scopus. Дополнително на тоа, бараме и цитираност на овие нивни дела на научно-истражувачкиот потенцијал на универзитетите. Законот јасно бара интернационализација на факултетите, поврзување со други, тие може да одлучат со кои, но препорачливо е тоа да е во европскиот простор, да формираат или да организираат заедничка настава во правец на двојни дипломи и многу други промени, структурни промени, кои сметаме дека ќе придонесат за раст на квалитетот на квалитетот во високото образование, напомена министерката.

Министерството, потенцираше Јаневска, не смее и не може да се меша во студиските програми, тука доаѓа до израз студентската автономија, но законот бара и да се модернизираат студиските програми.

Го менуваме моделот, законот бара модуларност во студирањето, што значи ќе треба нови студиски програми, и со самото тоа што ги зајакнуваме критериумите за избор во звања, очекуваме наставно-научниот кадар малку повеќе да се бави со наука и тоа знаење да го пренесе и на студентите, рече министерката, истакнувајќи дека во минатото имало закон во кој повеќе се барало од наставниците и тогаш нашите универзитети станувале повидливи.

Потоа доаѓа еден друг закон кој драстично ги намалува критериумите и евидентен е падот на рејтингот на нашите универзитети. Сега повторно очекуваме тој да се покрене. Нашите научници, нашите универзитети да кои навистина ги има добри и кои без обврска објавуваат во значајни бази на списанија, треба да станат повидливи, треба да станат препознаени во светот, нашите универзитети да нудат квалитет и да станат повидливи, со тоа да привлекуваат повеќе студенти, вклучително и странски. Вмрежувањето на наши со други странски универзитети, исто така ќе ги направи универзитетите и наставно-научниот кадар повидливи а студентите од тоа секако ќе имаат бенефит затоа што ќе има размена на искуства. оттука, дефинитивно очекуваме рејтингот на нашите универзитети после извесен број години, да се подобри, изјави министерката Јаневска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Очекувам преку Договорот со САД билатералната соработка и трговија да се зголеми
Следна Статија Панчевски поднесе кривична пријава против членови на Советот на јавни обвинители

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пожарот во Шуто Оризари ставен под контрола

Пожар денеска избувна во депонија во скопската општина Шуто Оризари, при што се запали машина за мелење железо, соопшти Центар…

May 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните фрлаа камења и го превртија возилото на сопственикот на „Пулс“

Во Кочани денеска се одржаа протести по несреќата во дискотеката „Пулс“ во која изби пожар во кој 59 лица го…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка. Таа во образложението кое го доставила до собранието вели дека оставката е поради…

December 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Писателот Јованоски: Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона – не фрлајте отров по охриѓани

На Македонците, се чини, секаде им е поевтино од Охрид. Подготвени се да платат поскапо за секоја услуга и задоволство,…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?