Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
ЕКОНОМИЈА

Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Објавено February 18, 2026 19:24
Сподели
Сподели

Стари, недоволени по број и неисправни. Состојбата со автобусите на ЈСП е аларматно загрижувачка, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Претпријатието располага со 341 автобус, но иако 185 се технички исправни, на улиците секојдневно сообраќаат само 157. Во 2015 година граѓаните имале на располагање 316 автобуси дневно, а денес таа бројка е за околу 40 проценти помала.

Истражувањето покажува и драстичен пад на корисниците на јавен превоз.

„Оваа бројка е најфрапантна 30 милиони патници помалку се превезуваат. Во исто време, бројот на исправни автобуси што дневно се ставаат во употреба исто така е намален. И денеска имаме само 157 такви автобуси, а пред 10 години имало повеќе од 300. Значи повеќе од половина е намален и бројот на автобуси што се користат во главниот град“, изјави Герман Филков, Центар за граѓански комуникации.

Дополнителен проблем е што автобусите се стари. Во просек, секој е користен над 13 години. Само 10% од автобусите имаат највисок еколошки стандард, останатите не го исполнуваат овој услов.

-80% од овие автобуси се оние кинески и украински, купени одамна. Имаме исто така десеттина автобуси 33 години што се стари. Така што, тоа се рефлектира и врз тие еколошки стандарди. Само малку имаме кои се оценети еколошки 6, другите се со стандарди 4 и 5. Тие со 4 и 5 повеќе загадуваат, тоа се автобусите со нафта. Оние со шест се автобуси што користат природен гас, додава Филков.

Ги прашавме граѓаните, има ли доволно автобуси во метрополата.

Последно, градоначалникот на Град Скопје најави дека е отпочнат процес за набавка на 130 автобуси. 100 Владата ќе набави со парите со кои државата се задолжи кај Унгарија, а останатите 30 преку БРТ. Ѓорѓиевски очекува најголемиот дел автобусите да пристигнат до крајот на годината.

Истражувањето на ЦГК е спроведено врз основа на податоците преземени од годишните извештаи на Јавното сообраќајно претпријатие, како и од податоците добиени од претпријатието врз основа на слободен пристап до информации од јавен карактер.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски за донацијата од САД за бомбашкиот оддел на МВР: Стратешкото партнерство ја зајакнува безбедноста на државата
Следна Статија Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам над 1000 нови вработувања од компании кои ќе склучат договор со Владата

Премиерот Христијан Мицкоски при посета на фабриката КОСТАЛ Македонија во ТИРЗ Охрид даде свое видување на новинарско прашање како да…

November 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Пратениците кукаат дека било тешко да се живее со 500 евра, што да кажат луѓето со 395 евра?

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов во емисијата „Бизнис21“ на ТВ „21“ истакна дека пратениците веќе…

April 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Велковски: Со Оперативниот план сакаме да ги задржиме младите во Македонија, овде да ја градат својата иднина

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, на денешната трибина којшто се одржа во Владата во врска со…

May 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ќе присуствува и Мицкоски: Утре почнува Светскиот економски форум во Давос

Светскиот економски форум по 56. пат ги собира водечките лидери од владата, бизнисот и граѓанското општество на годишен состанок во…

January 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?