Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мерц ја поддржува забраната на социјални мрежи за деца под 14 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Мерц ја поддржува забраната на социјални мрежи за деца под 14 години
СВЕТ

Мерц ја поддржува забраната на социјални мрежи за деца под 14 години

Објавено February 18, 2026 19:55
Сподели
Сподели

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја поддржа иницијативата за забрана на социјални мрежи за деца помлади од 14 години, предлог што го изнесе неговиот коалициски партнер, Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

Во политички подкаст, Мерц изјави дека не треба да изненадува доколку децата покажуваат заостанување во личниот развој и социјализацијата, доколку значителен дел од денот го поминуваат пред екрани.

„Во ситуација во која 14-годишни деца по пет часа дневно поминуваат со мобилен телефон и кога целата социјализација се одвива преку социјалните мрежи, не смееме да се чудиме ако истите тие деца покажуваат заостанување во развојот“, рече Мерц.

Тој додаде дека генерално не е приврзаник на забрани, но дека има „разбирање“ за иницијативата на СПД, која во изминатите денови предложи построго регулирање на користењето на социјалните мрежи кај младите, вклучително и целосна забрана за деца под 14 години.

Според Мерц, приоритет треба да биде заштитата на децата во период кога, како што рече, треба да имаат време за игра, учење и концентрација на училиштето.

Прашањето ќе биде разгледано и на редовната партиска конвенција на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Штутгарт. Покраинскиот огранок на ЦДУ во Шлезвиг-Холштајн веќе предложи измена на законската регулатива што би овозможила забрана на социјалните мрежи за деца под 14 години и строга контрола на пристапот за малолетници под 16 години.

Предлогот доаѓа во контекст на пошироки европски дебати за влијанието на дигиталните платформи врз менталното здравје и развојот на младите.

Останува да се види дали иницијативата ќе добие поширока политичка поддршка и ќе биде преточена во конкретен законски предлог во германскиот парламент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овие намирници ги зајакнуваат коските подобро од млекото
Следна Статија В сабота САД го напаѓаат Иран?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Што се случи со Србинката Ана Волш, која исчезна лани во САД?

Србинката Ана Волш исчезна на 1 јануари 2023 година во Америка. Откако ја прослави новогодишната ноќ со пријателите, Брајан Волш…

January 1, 2025
СВЕТ

Мемоарите на Ангела Меркел: Што вели за Трамп, Путин, Источна Германија…

Ангела Меркел, канцеларка на Германија од 2005 до 2021 година, во својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“ (Слобода: Мемоари 1954-2021), која…

November 21, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Хаос во Јужна Кореја: Претседателот најави укинување на вонредната состојба

Јужнокорејскиот претседател Јон Сук Јеол прогласи денес вонредна состојба, обвинувајќи ја опозицијата дека го контролира парламентот, дека ја симпатизира Северна…

December 3, 2024
СВЕТ

Рубио вели дека Куба е во голема неволја

Кубанската влада е огромен проблем и мислам дека се во голема неволја, одговори американскиот државен секретар Марко Рубио за Ен…

January 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?