Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почна со работа Одборот за мир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Почна со работа Одборот за мир
СВЕТ

Почна со работа Одборот за мир

Објавено February 19, 2026 08:24
Сподели
Сподели

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешените прашања за иднината на Газа околу настанот на кој ќе учествуваат претставници од повеќе од 45 земји.

Разоружувањето на Хамас, фондот за реконструкција и протокот на хуманитарна помош за населението на палестинската енклава се прашања што ќе ја тестираат ефикасноста на Одборот во наредните недели и месеци.

Се очекува Трамп да објави како членовите досега собрале пет милијарди долари за реконструкција на Газа, од кои по 1,2 милијарди обезбедија Обединетите Арапски Емирати и Кувајт.

Одборот за мир е контроверзно тело затоа што го вклучува Израел, но не и Палестинците, затоа што по замислите на Трамп тоа, освен со Газа,  треба да се занимава и со други прашања, што предизвика загриженост дека може да ја намали улогата на ОН како главна платформа за глобална дипломатија и решавање на конфликти.

Високи американски претставници, исто така, изјавија дека Трамп ќе објави дека неколку земји планираат да испратат илјадници војници во Меѓународните сили за стабилизација за да помогнат во одржувањето на мирот во Газа.

На настанот се очекуваат делегации од 47 земји, вклучувајќи ја и Европската Унија. Меѓутоа, на состанокот нема да учествуваат постојаните членки на Советот за безбедност на ОН – Франција, Велика Британија, Русија и Кина.

Покрај Трамп, државниот секретар на САД, Марко Рубио, американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, ќе зборуваат и поранешниот британски премиер Тони Блер, кој треба да има висока позиција во Одборот за мир, амбасадорот на САД во ОН, Мајк Валц, и високиот претставник за Газа, Николај Младенов.

Ненадејната одлука на Европската комисија да ја испрати комесарката за Медитеранот Дубравка Шуица на првиот формален состанок на Одборот за мир во Вашингтон предизвика гнев кај неколку земји-членки, а Франција го предводеше во изразувањето институционални и политички забелешки, објави вчера „Еуроњуз“.

На вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ критичарите тврдеа дека учеството на Шуица, за кое главните градови не биле однапред информирани, нема потребен мандат и ризикува да се протолкува како колективна поддршка за контроверзната иницијатива, изјавија неколку дипломати за „Еуроњуз“, зборувајќи под услов на анонимност

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија В сабота САД го напаѓаат Иран?
Следна Статија Што се случи со Интер?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп му се смее на Маск дека ќе формира нова партија

Американскиот претседател Доналд Трамп ги оцени плановите на Илон Маск за формирање нова политичка партија како апсурдни, додавајќи дека Америка…

July 7, 2025
СВЕТ

„Девојко, ти веќе не си гувернер на Канада“ му одговори Маск на Трудо

Доналд Трамп и Илон Маск, заедно со него како негов главен сојузник, имаат идеја да ја припојат Канада кон Америка.…

January 8, 2025
СВЕТ

Декласифицирани документи откриваат: Клинтон бил подготвена да ја прими Русија во НАТО

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Бил Клинтон, му рекол на рускиот претседател Владимир Путин во 2000 година дека проширувањето…

August 22, 2025
СВЕТ

Украина ќе влезе во НАТО, тоа беше одлучено во Вашингтон, кажа шефот на НАТО

„Украина ќе стане 33-та или 34-та членка на НАТО, која во моментов има 32 членки“, изјави неодамна назначениот генерален секретар…

October 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?