Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Досега најсилен раст во авиосообраќајот, воведовме 23 нови линии, имаме рекордна бројка на патници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Досега најсилен раст во авиосообраќајот, воведовме 23 нови линии, имаме рекордна бројка на патници
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Досега најсилен раст во авиосообраќајот, воведовме 23 нови линии, имаме рекордна бројка на патници

Објавено February 19, 2026 12:16
Сподели
Сподели

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа година скопскиот аеродром очекувам да биде лидер во регионот со раст и да надминеме 4 милиони патници, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, коментирајќи ги владините политики во авиосообраќајот.

-Почнавме сериозна политика на привлекување на нови авиолинии и авиокомпании, имајќи предвид дека Македонија нема излез на море и аеродромите се наш единствен излез и тука да доаѓаат повеќе туристи и повеќе луѓе за бизнис и можност македонските граѓани да патуваат. Она што сум горд е дека од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови односно авиолинии, последни се овие кон Алгеро- Сардинија и Палермо-Сицилија. Она што ми е драго е што двата аеродорми, охридскиот и скопскиот поминаа 3,5 милиони патници. Ако видите дека Македонија е 1,8 милиони, тогаш јасно е дека далеку е над бројот на население што го имаме и ако некои спинуваа, оваа година скопскиот аеродром ќе биде лидер со раст во регионот на поранешна Југославија што е гордост, имајќи предвид дека и Загреб и Сараево и Белград се поголеми како градови од Скопје што е додадена вредност, изјави вицепремиерот Николоски.

Тој додаде дека се започнати директни разговори со Саудиска Арабија за воспоставување на воздушен сообраќај меѓу двете земји што дополнително ќе се прошири мрежата на летови за Македонија.

-Очекувам и од таму да објавиме директни летови до скопскиот и охридскиот аеродром и ќе продолжиме со оваа политика на стимулирање на авиолинии. Очекувам оваа година да поминеме 4 милиони патници што ќе е апсолутен рекорд, истакна вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САД нудат повеќе детали за наводен кинески нуклеарен тест
Следна Статија Тесла избегна суспензија во Калифорнија по отстранувањето на Автопилот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Собранието го донесе Буџетот за 2025-та

Собранието во рамки на 22-та седница со 69 гласа „за“ и 5 „против“ го донесе Буџетот за 2025 година во…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Минималната синдикална кошничка за еден месец се зголемила за 969 денари и изнесува 67 382 денари

За да си ги обезбеди основните потреби, на едно четиричлено семејство овој месец му биле потребни 67 382 денари. Тоа,…

February 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Кој ги пумпа цените: Становите поскапеле за 25 проценти во четвртиот квартал лани на годишно ниво

Во четвртиот квартал од минатата година недвижностите поскапеле за 25 проценти на годишно ниво, а за 3,2 проценти на месечно,…

January 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Работилница на Народната банка во Стопанската комора: Практични аспекти и предизвици за компаниите при вршењето плаќања преку СЕПА

Во соработка со Стопанската комора на Република Македонија, Народната банка организира работилница за деловната заедница. Целта беше компаниите да се…

January 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?