Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието го донесе Буџетот за 2025-та
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Собранието го донесе Буџетот за 2025-та
ЕКОНОМИЈА

Собранието го донесе Буџетот за 2025-та

Објавено December 11, 2024 08:40
Сподели
Сподели

Собранието во рамки на 22-та седница со 69 гласа „за“ и 5 „против“ го донесе Буџетот за 2025 година во кој вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари, односно на 4 проценти од БДП, а планираниот раст на економијата е 3,7 проценти.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето посочи дека Буџетот се базира на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции, обезбедува непречено функционирање на институциите и државата, редовно сервисирање на обврските и има развојна компоненета преку поттикнување на реализација на значаен инвестициски циклус.

Едногласно со 74 гласа „за“, Собранието ја донесе и одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите.

Предложената одлука, како што истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски е за финансирање на обврските на буџетските корисници кои беа наследени од претходната власт, а средствата ќе бидат земени од ставките кои е јасно дека нема да бидат реализирани до крајот на годинава.

Со предложената одлука, посочи, се врши реалокација на 9,3 милијарди денари од кои 2,2 милијарди се даваат на Фондот за пензиско осигурување, 1,9 милијарди за Министерството за социјална политика, демографија и млади, 1,2 милијарди денари во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, 1,16 милијарди денари за трансфери кон Фондот за здравствено осигурување, 873 милиони денари во МВР за реализација на проектот на Сејф сити и други потреби, 656 милиони денари во Влада за финансиска поддршка на компаниите, 543 милиони денари во МОН за студентски и ученички стандард, 267 милиони денари за Министерството за дигитална трансформација, 203 милиони денари Министерство за култура, 168 милиони денари за Министерството за транспорт, 130 милиони денари во Министерството за здравство за лекови за пациенти со ретки болести, 94 милиони денари на Управата за извршување на санкции, 50 милиони денари за АХВ, 35 милиони за МЖСПП….

„Целта на предложената одлука е намалување на обврските на буџетските корисници и подобро управување со јавните финансии, рече Јанкуловски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уставен суд ќе ја почне расправата за Законот за јазиците
Следна Статија На владина седница поминаа нови 500 милиони евра од Унгарија кои ќе бидат наменети за раздолжување на еврообврзницата земена од минатата влада

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Сите оние политички неработници кои седат дома и земаат плата, нема повеќе да земаат плата за неработење

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека за разлика од порано, со…

December 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Македонија ќе ги укинува царините за стоките од САД

Владата предложи да се укинат царините за стоките од САД. Со Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за Царинска…

June 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ребаланс на Буџетот кон крајот на јуни

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека, поради локалните избори, ребаланс на Буџетот ќе има најверојатно на крајот на јуни. Одговорајќи…

May 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Водовод Скопје: Отплата на долгови без камата до 5 јуни

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје ги повика граѓаните со заостанати обврски за потрошена вода да ја искористат можноста…

May 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?