Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Во фаза на имплементација е „паметен зелен бран“ на скопските булевари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Во фаза на имплементација е „паметен зелен бран“ на скопските булевари
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Во фаза на имплементација е „паметен зелен бран“ на скопските булевари

Објавено February 20, 2026 10:48
Сподели
Сподели

Нема човек кој управува моторно возило во Скопје и кој не ги гледа придобивките од системот Безбеден град. Го нема веќе дивеењето по улиците, ги нема ненормалните брзини, и тоа се гледа. Ја нема таа нетрпеливост. Бројките на сообраќајните незгоди се намалуваат, бројките на повредени лица се намалуваат, целта која сакавме да ја постигнеме и тоа како има одѕив од јавноста“, истакна меѓу другото министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 и кажа дека во фаза на имплементација е „паметен зелен бран“ на скопските булевари.

Министерот Тошковски посочи дека сите што живееме во Македонија, особено граѓаните во рамки на Скопје, Куманово и Тетово „докажавме дека можеме поинаку и дека можеме навистина да ја реализираме онаа европска вредност со европски проект во Македонија“.

Во тест периодот почнавме со констатирана бројка на прекршоци од над 100.000, имаше и денови кога бројката беше над 120.000. Денес имаме бројка на прекршоци која се движи околу 500, 600, 700 некој ден 800, но тоа е далеку драстично помала бројка на прекршоци од претходно. Овие прекршоци кои ги констатираме се недозволена брзина, минување на црвено светло и управување на моторно возило кое не е регистрирано“, рече тој.

Според Тошковски, тие прекршоци ги констатира моментално системот. Најави дека во иднина ќе евидентираат и погрешно запирање и паркирање и тоа ќе биде констатирано како прекршок од овие паметни камери, дополнувајќи дека „не беше целта да се полни буџетот на државата туку да се спаси еден човечки живот повеќе“.

-Овој проект сигурен сум дека не само што ќе го среди хаосот, туку ќе ни даде надеж дека навистина Македонија со напорна работа, посветеност, заеднички, сите граѓани можеме да ја направиме да е многу поубаво место за живеење. Во рамките на Скопје е во фаза на имплементација „паметен зелен бран“ и со неговата целосна имплементарција, проточноста на сообраќајот треба да се зголеми, односно да имаме околу 30% побрза проточност на возила, кога овој „паметен зелен систем“ ќе биде имплементиран. Станува збор за систем со кој ќе бидат опфатени сите булевари во рамки на градот Скопје, со што и тоа како ќе се подобри проточноста на возилата. Интензивно се работи на имплементирање на ова решение“, дециден беше Тошковски.

Тој дополни дека истражувањата за тајмерите на семафорите и искуствата покажале дека тие се повеќе штетни отколку корисни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Dow Jones Futures: S&P 500 Rises To Resistance As Nvidia, ASML Lead; Carvana Dives Late, Walmart Due – Investor’s Business Daily
Следна Статија Mark Zuckerberg Tries to Play It Safe in Social Media Addiction Trial Testimony – WIRED

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Состојбата со пожарите е под контрола, опозицијата се занимава со некрофилија

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека критиките на опозицијата насочени кон него во врска со пожарите се затоа што опозицијата мисли…

September 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Петар Гајдов предлог за директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер

Петар Гајдов, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје е предлог за нов директор на Агенцијата за заштита на…

March 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Филмските работници до Љутков: Предложениот буџет за филм не е доволен

Македонските продуценти секојденево се соочуваат со притисоци и закани за меѓународни тужби и откажување на соработки, а нашата држава престанува…

November 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

Предлог-измените на Законот за возила со кои се очекува да се олесни процесот на регистрирање на возилата денеска го поминаа…

July 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?