Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сопругата на Ѓорѓиевски со демант: Чантата чини 944 денари, а не 30.000 долари, како што вели СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Сопругата на Ѓорѓиевски со демант: Чантата чини 944 денари, а не 30.000 долари, како што вели СДСМ
ПОЛИТИКА

Сопругата на Ѓорѓиевски со демант: Чантата чини 944 денари, а не 30.000 долари, како што вели СДСМ

Објавено February 20, 2026 16:13
Сподели
Сподели

Откако денеска СДСМ обвини дека сопругата на градоначалникот на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вчера на настан наводно се појавила со брендирана чанта „Хермес“ која чини 30.000 долари, стигна реакција. Сопругата на Орце Ѓеорѓиевски преку Фејсбук ги демантираше тие наводи.

„Кога се нема аргументи, кога политиката се сведува на политиканство, СДСМ нема да зборува за работите кои се важни за граѓаните, за фактот што е направено за Скопје и скопјани, туку ќе вмешува семејства, личности кои не се директно во политиката, неретко и нашиот малолетен син и се така за да привлечат внимание. Фактите се следни. Мојата чанта не е некакви 30.000 долари како што тврди СДС, ниту е ‘Хермес’, туку е купена од продавницата на Obuca Metro Македонија, и тоа на попуст за 944 денари. Истата нема никаква врска со брендот ‘Хермес’, ниту по потекло, ниту по цена, ниту по вредност, ниту пак носи натпис на брендот. Доколку не веруваат, може да им ја подарам мојата на увид, а може и самите да ја посетат продавницата, има одлични работи за супер ефтини цени за луѓе кои живеат скромен и чесен живот. Има сѐ уште на располагање од истиот модел на поголема варијанта од малата чанта.

Обидот преку евтина конструкција да се создаде наратив за ‘луксуз’ и ‘аздисаност’ служејќи се со лаги и клевети во најмала рака е безобразно.

Не е мое да коментирам политички, но вмешувањето на потесно семејство во отсуство на вистински аргументи и ширење на лажни вести не е политика, туку дно.

Барам јавно извинување за изнесените невистини и повлекување на лажните тврдења. Во спротивно, ќе ги искористам сите правни механизми за заштита на честа и угледот“, напиша таа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Сопругата на Ѓорѓиевски носи брендирана чанта од 30 илјади долари – велат од СДСМ
Следна Статија Затворен за сообраќај регионалниот пат Виница – Берово поради протест на граѓани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Не сум во преговорите со Бугарија само колку да се учествува, туку да се избориме, Делчев за мене е титан на македонската борба

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само интервју“ на „Канал 5“ телевизија, говорејќи за преговорите со Бугарија,…

October 3, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ објави видео: Брат на градоначалникот на Гази Баба дивее со „мини купер“, полицијата не го казнува

СДСМ денеска објави видео снимка за која тврди дека е од полициски радар на кој се гледа како братот на…

April 28, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ останува без портпарол – Бујар Османи ќе заминува во Турција?

Во ДУИ во моментов владее една хаотична атмосфера, која уште повеќе се влошила по бегството на Артан Груби кој во…

January 24, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: „Скопје – град на слоеви, град на култура“ – проекти за Аквадуктот, Скупи, Чаршијата и Калето

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција го претстави еден од седумте столбови на…

October 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?