Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се разгледуваат три модалитети за решавање на проблемот со превозниците, вели Николоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Се разгледуваат три модалитети за решавање на проблемот со превозниците, вели Николоски
ЕКОНОМИЈА

Се разгледуваат три модалитети за решавање на проблемот со превозниците, вели Николоски

Објавено February 21, 2026 11:19
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски вели дека во моментов се разгледуваат три можни опции како да се реши проблемот со превозниците околу нивниот престој во земјите од Шенген-зоната, а кој настана со воведувањето на системот за влез и излез од Европската Унија (ЕУ).

Момент од интервјуто со вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на Телевизија Телма / Фото: Принтскрин
Говорејќи во интервју за емисијата „Топ Тема“ на телевизијата Телма, Николоски сподели дека првата варијанта што се разгледува е секоја земја членка да издава посебни визи за превозници, другата е тие да бидат изземени од правилото 90/180 како што е случај со пилотите на комерцијалните авиони и машиновозачите и третата опција е е комбинација меѓу првата и втората, односно камионските превозници да се третираат како прекугранични работници.

Според вицепремиерот, разговорите со Брисел за надминување на проблемот се постојани, а нов состанок на експертско ниво, како што посочи тој, треба да се одржи в понеделник.

Решението се бара во рамките на новата визна стратегија што ја претстави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а тоа е превозниците да бидат признати како професионалци, што не беше случај досега.

„Па сега има неколку опции што се разгледуваат. Едната е секоја земја членка на ЕУ да издава посебни визи и на тој начин да се бројат деновите само во таа земја, што во суштина го решава проблемот. Во овој момент само Швајцарија го прави тоа. Втората опција е да има целосно изземање, како што е за пилотите и машиновозачите и третата опција некој хибрид меѓу првата и втората, а тоа е (превозниците) да се сметаат како прекугранични работници, односно дека често мора да ја минуваат границата. Меѓу овие три модалитети сега се изнаоѓаат решенија. Досега имаше три состаноци, еден беше на политичко, а два беа на техничко ниво. На 23 февруари има повторно состанок на техничко, односно на експертско ниво и очекувам дека ќе се најде решението. А она што е знак на добра волја во однос на Македонија е дека примената на ЕЕС-системот ќе се одложи до крајот на септември“,изјави Николоски.

Одговарајќи на дополнително прашање дали ќе се оди на тоа да се согласат сите држави од ЕУ или решението ќе се бара во индивидуално изјаснување на секоја, вицепремиерот смета дека доколку се оди со визи за нас ќе биде значајно да се согласат сите држави каде што нашите превозници најчесто оперираат.

Николоски е оптимист дека за Македонија проблемот ќе се реши, а говорејќи во таа смисла тој упати апел да се внимава на информациите што доаѓаат од соседството, особено од Србија и Црна Гора, бидејќи, како што наведе, таму има и други агенди, кои на проблемот се обидуваат да му дадат политичка димензија, што според него е погрешно.

„Ова е прашање коешто не треба да се политизира, ова е прашање коешто се однесува на бизнисот и тука политиката треба да биде надвор. Не мислам дека преку превозниците било кој во регионот треба да докажува дали функционира или не Европската Унија, дали таа е подобра алтернатива за регионот или БРИК е подобра алтернатива или нешто друго. Да си го гледаме ние нашиот двор“,рече Николоски.

Прашан зошто се чекало до последен момент за да се бара решение и дали пропустот е кај домашните институции, во ЕУ или кај превозниците и бизнисот, вицепремиерот вели дека според него во Брисел немало разбирање за колкав проблем станува збор збор сè додека превозниците во земјите од Западен Балкан не почнаа со блокадите на граничните премини со земјите од Шенген-зоната. За ова прашање, додава Николоски, лани четири пати било разговарано на седници на Владата, а Министерството за надворешни работи и надворешна трговија било овластувано да комуницира со Унијата во врска со ова прашање.

„Во декември лани јас лично бев во Брисел и со комесарот за транспорт (Апостолос) Цицикостас и со двете директорки на двата оддели во Европската Унија коишто се однесуваат на транспорт и мобилност имав жестоки дискусии обидувајќи се да ги убедам и да им образложам што ќе се случи, но верувајте додека не се случи блокадата не беа свесни за што зборуваме. Жал ми е што мораше на тој начин да се постигне видливост на проблемот, но подобро вака отколку да остане нерешен“,кажа Николоски.

На прашањето дали Македонија лобира во Европската Унија барем за нас да се реши проблемот, вицепремиерот со одговор:

„За нас е најдобро да се реши за цел регион, а второто најдобро решение е да се реши за Македонија.“

Минатиот месец превозниците со камиони неколку дена ги блокираа за товарен сообраќај граничните премини во државата. Освен македонските, блокада на граничните премини кои водат до Шенген-зоната правеа и превозниците од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Причина беше незадоволството на транспортните превозници од воведувањето на системот за влез и за излез од Европската Унија, според кој превозниците со камиони од земјите од Западен Балкан ќе се регистрираат како туристи и ќе можат да останат во земјите од ЕУ најмногу до 90 дена во период од 180 дена.

Електронскиот систем за влез и за излез (ЕЕС) на ЕУ започна со постепена примена од 12 октомври 2025 година, а целосната имплементација е предвидена до април годинава.

Системот е дигитална ИТ-платформа што ги заменува рачните печати во пасошите со автоматска евиденција на границите на Шенген-зоната.

При влез и излез, собира биометриски податоци и автоматски ја пресметува дозволената должина на престој според правилото 90/180 – максимум 90 дена во секои 180 дена за не-ЕУ граѓани.

За професионални превозници од Македонија, Србија, БиХ и Црна Гора, ЕЕС создава сериозни пречки бидејќи ги третира како туристи, а не како работници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија U.S. fighter jets intercept Russian warplanes off Alaskan coast – CBS News
Следна Статија Asia stocks fall as rate uncertainty, Iran tensions weigh; S.Korea outperforms – Investing.com

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Српската Алта банка официјално ја презеде Стопанска банка Битола

Српската „Алта банка“ официјално стана нов сопственик на „Стопанска банка Битола“, откако нејзината понуда беше прифатена од вкупно 262 акционери.…

October 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во октомври годишен раст на каматната стапка кај депозитите и пад кај кредитите

Просечната каматна стапка на вкупните депозити во октомври изнесува 2,20 проценти и бележи годишен раст од 0,13 процентни поени, додека…

November 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бобан Николовски: Бизнис заедницата бара итни реакции – достапни сме за нив 24/7

„Бизнис заедницата бара решавање на сите предизвици со кои се соочуваат во реално време. Јас и мојот тим сме достапни…

November 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Индустриското производство во jули годинавa порасна за 4,1% споредено со истиот месец минатата година

Континуираниот раст на индустриското производство е многу добра вест за македонската економија. Индустриското производство во Јули оваа година порасна за…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?