Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 25 припадници на мексиканската гарда загинаа во борбите со кланот на Ен Менчо
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > 25 припадници на мексиканската гарда загинаа во борбите со кланот на Ен Менчо
СВЕТ

25 припадници на мексиканската гарда загинаа во борбите со кланот на Ен Менчо

Објавено February 23, 2026 17:45
Сподели
Сподели

Мексиканскиот министер за безбедност Омар Гарсија Арфуш денеска изјави дека 25 припадници на Националната гарда загинале во сојузната држава Халиско во шест одмазднички напади откако армијата вчера го уби шефот на наркокартелот „Халиско нова генерација“ (ЦЈНГ), Немесио Рубен Осегер Сервантес – Ел Менчо.

Во акцијата против Ел Менчо загинаа 30 членови на наркорателот, еден затворски чувар, еден агент обвинител и една жена, наведе Арфуш.

Во неколку делови на Мексико денеска се затворени училиштата, а властите ги предупредија граѓаните да не излегуваат непотребно на улиците поради зголеменото насилство од картелот поради убиството на Ел Менчо.

Наркокартелот на Ел Менчо шверцува фентанил, метамфетамин и кокаин од Мексико во САД. Ел Менчо беше убиен во престрелка со армијата, која се обиде да го приведе, а неговиот картел одговори со блокада на патиштата и палење на автомобили ширум Мексико.

Мексико се надева дека смртта на еден од најголемите светски трговци со фентанил ќе го намали притисокот од САД за мексиканските власти да вложат повеќе напори во борбата против картелите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска е чист понеделник, ги измивте ли тенџерињата?
Следна Статија Суспендиран играчот на Бенфика кој на Винисиус му рече дека е мајмун

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

ФАО: Цените на храната растат поради конфликтот на Блискиот Исток

Светскиот индекс на цените на храната се зголеми трет месец по ред во април, поттикнат од зголемувањето на трошоците за…

May 10, 2026
СВЕТ

Шварценегер со поддршка за Камала Харис: Ако Трамп победи, нема да добиеме ништо друго освен гнев

Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер денеска изјави дека на претседателските избори во САД на 5 ноември ќе…

October 30, 2024
СВЕТ

Рубио: Сите членки на НАТО ќе издвојуваат 5 проценти од БДП за одбрана

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека на претстојниот самит на НАТО во јуни, сите негови членки ќе се согласат…

May 16, 2025
СВЕТ

Иран воведува нова такса: Бродовите ќе плаќаат за премин низ Ормускиот теснец

Преминот на бродови низ Ормускиот теснец за „пријателски земји“ во иднина ќе биде возможен само со плаќање на безбедносни такси,…

April 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?