Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Куќен притвор за Артан Груби, Обвинителството со детали
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Куќен притвор за Артан Груби, Обвинителството со детали
ХРОНИКА

Куќен притвор за Артан Груби, Обвинителството со детали

Објавено February 23, 2026 20:28
Сподели
Сподели

Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор.

Основното јавно обвинителство Скопје по добивањето на известувањето дека второосомничениот во предметот за Државната лотарија каде е осомничен заедно со уште пет лица, доброволно се пријавил на органите на прогонот и изразил подготвеност да соработува со надлежните органи, ќе ја продолжи постапката за истиот со цел донесување на јавнообвинителска одлука.

-На барање на второосомничениот преку неговата одбрана истиот во текот на денешниот ден беше спроведен пред надлежниот обвинител каде вршеше увид во списите на предметот, но поради обемноста на доказниот материјал увидот ќе продолжи наредните денови по што на второосомничениот ќе му биде овозможено да ја даде својата одбрана, велат од Обвинителство.

Од таму објаснуваат дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност.

-По однос на мерките за обезбедување на присуство на второосомничениот во понатамошниот тек на постапката Основното јавно обвинителство Скопје предложи замена на мерката притвор со мерка куќен притвор и одземање на патна исправа, имајќи го во предвид фактот во најголем дел се обезбедени доказите во текот на постапката, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, кои индиции се поткрепени со известувања од надлежните органи. Исто така индициите за загрозената безбедност се однесуваат и на членовите на неговото семејство, велат од Обвинителство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали Груби преведувал за или во „Жолтата куќа“?
Следна Статија Радев ја сака Македонија во ЕУ, но само со Бугари во Устав

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тошковски: 51 жртва во трагедијата во Кочани, над 100 повредени

Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Манев го откри идентитетот на лицето што го уништило синиот ранец на Палчо

Невозможно е Валибор Манев, кој има две ќерки, да не разликува 40-годишна жена од девојче, ова е класично лажење, рече…

June 20, 2025
ХРОНИКА

Приватизирал земјишта без да ги прати до Државното правобранителство – сам удирал печати

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.М.(60) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на…

February 20, 2025
ХРОНИКА

МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во две приватни училишта и музеј во Скопје

Во две приватни училишта и музеj во Скопје утрово пристигнале електронски пораки за поставени бомби, информираат од Секторот за внатрешни…

November 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?