Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Затвореник доби правда во Стразбур- бил тепан од полицаец во Идризово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Затвореник доби правда во Стразбур- бил тепан од полицаец во Идризово
Blog

Затвореник доби правда во Стразбур- бил тепан од полицаец во Идризово

Објавено February 27, 2026 12:38
Сподели
Сподели

Македонија се обврза да му исплати 11.295 евра отштета на затвореникот Фитим Муслиу кој ја тужеше државата пред Европскиот суд за човекови права жалејќи се дека бил тепан од полицаец во затворот „Идризово“. Судот во Стразбур пресече во корист на Муслиу, информираше Македонското здружение на млади правници (МЗМП).

Се работи за настан од 3 август 2020 година пред затворската кантина во „Идризово“. Муслиу се жалеше дека бил изложен на тортура од командирот на полицијата стекнувајќи се со телесни повреди и дека властите во Македонија не спровеле ефективна истрага.

Судот во Стразбур вели и дека пресудата не ја ослободува Македонија од обврската да спроведе истрага, конкретно дека е прекршен членот 3 од Европската конвенција за човекови права, за што се жалел Мислиу.

Соочена со доказите, Владата доставила унилатерална декларација до Судот во која признала повреда на член 3 од Конвенцијата за човекови права. Државата се обврзала да му исплати на Муслиу обештетување од 11.295 евра за нематеријална штета. Иако апликантот не бил целосно задоволен, Судот одлучи да го затвори предметот по ова признание.

Оштетениот бил застапуван од адвокат Диме Ѓорчевски од Скопје, член на тимот на адвокати на МЗМП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија US says ambassador’s comments on Israel and the Middle East were taken out of context – Politico
Следна Статија The FBI Says These Wi-Fi Routers Are Unsafe, And Here’s Why – SlashGear

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Шпанскиот премиер: Сакаме да воведеме 100% данок на имот за купувачите кои не се членки на ЕУ

Шпанската влада најави дека планира да воведе данок до 100% на имотот купен од жители на земји кои не се…

January 14, 2025
Blog

(ВИДЕО) Бил Гејтс: На децата ќе им оставам 1% од богатството, сакам сами да се изборат

Иако е еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс не планира своето богатство да го пренесе на своите деца.…

April 7, 2025
Blog

Германија размислува да повлече 1.200 тони злато складирано во САД

Германија размислува да отстрани огромна количина злато од својот трезор во Њујорк поради загриженоста за непредвидливата политика на Доналд Трамп.…

April 6, 2025
Blog

Маск го коментираше падот на Икс

Социјалната мрежа Икс (X, порано Твитер) е повторно во центарот на вниманието на јавноста откако се урна глобално вчера попладне,…

May 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?