Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Европската унија гласаше за воведување царини за кинеските електрични возила, Германија беше против
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Европската унија гласаше за воведување царини за кинеските електрични возила, Германија беше против
Blog

Европската унија гласаше за воведување царини за кинеските електрични возила, Германија беше против

Објавено October 4, 2024 17:45
Сподели
Сподели

Земјите-членки на Европската унија (ЕУ) денеска гласаа за воведување царини за електричните автомобили увезени од Кина, и покрај противењето на Германците кои стравуваат од трговска војна со Пекинг.

Европската комисија (ЕК) сега има одврзана рака да додаде до 35 отсто на данокот од 10 отсто, кој е веќе на сила, за електричните возила од кинеско производство.

Тие давачки треба да стапат на сила на крајот на октомври. Целта на одлуката, според АФП, е повторно да се воспостават фер услови на конкуренција со кинеските производители кои добиваат субвенции од државата.

Во соопштението за медиумите, Европската комисија ја поздрави денешната одлука, која „ја доби потребната поддршка од земјите-членки“. ЕК, исто така, нагласува дека Брисел и Пекинг го продолжиле дијалогот за да се обидат да најдат решение преку преговори.

Кина, меѓутоа, го осудува пристапот, кој го смета за протекционистички, а веќе реагираше со покренување истрага за прехранбените и алкохолните производи што ги увезува од ЕУ.

Кинеската стопанска комора во ЕУ изрази „длабоко разочарување“ по гласањето во Брисел и ја повика Европската унија „да го одложи спроведувањето на царините и да му даде приоритет на дијалогот“.

Германија, заедно со Унгарија, Словачка, Словенија и Малта, гласаа против даночниот план на Комисијата, но не успеаја да го соберат потребното мнозинство за негово поништување, пишува Франс прес.

Тарифите беа поддржани од десет земји-членки, вклучувајќи ги Франција, Италија и Полска. Дванаесет други беа воздржани, вклучително и Шпанија и Шведска, кои сепак го изразија своето незадоволство.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската унија ризикува да влезе во „економска студена војна“ со Кина.

„Она што не принудуваат да го направиме, она што го прави Европската унија е економска студена војна. Тоа е најлошото нешто што може да и се случи на Европа. Ако вака продолжи, европската економија ќе умре“, рече Орбан.

Во јули, ЕУ воведе привремени царини до 37,6 отсто за електричните возила произведени во Кина. Како одговор, Пекинг поднесе жалба до Светската трговска организација во август, велејќи дека тарифите ги прекршуваат правилата на организацијата и ја поткопуваат глобалната соработка за климатските промени.

Кина, исто така, започна истрага за извозот на француски коњак, свинско месо и млечни производи од ЕУ. Истрагите ги зголемија стравувањата од трговска војна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Има обиди за нарушување на меѓуетничките односи
Следна Статија Почнува серија за Иво Андриќ, на неговиот погреб говорел нашиот Киро Глигоров

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

macOS Will Alert You to MacBook Neo’s USB-C Port Limitation – MacRumors

The new MacBook Neo is equipped with two USB-C ports, but they are not the same. The left USB-C port…

March 9, 2026
Blog

Зошто Швајцарците се против укинувањето на готовината: Минимални ограничувања, дури и на граница

Дигиталните пари се користат сè повеќе наместо готовина веќе неколку години, што стана уште поизразено за време на пандемијата на…

May 4, 2025
Blog

АИ стартапи се обидуваат да го предизвикаат Google во борбата за промена на веб прелистувачот

OpenAI и Perplexity се обложуваат дека напредната технологија ќе го трансформира начинот на кој луѓето пристапуваат до интернет

January 6, 2026
Blog

Olivier Rioux прави историја во студентската кошарка со својата прва поента

Флоридскиот центар Оливие Риу, највисокиот кошаркар во историјата на студентската кошарка со висина од 7'9", ја постигна својата прва кариерна…

November 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?