Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АХВ за градоначалникот на Крива Паланка: Ако сакаше, досега ќе го решеше проблемот со кравите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > АХВ за градоначалникот на Крива Паланка: Ако сакаше, досега ќе го решеше проблемот со кравите
МАКЕДОНИЈА

АХВ за градоначалникот на Крива Паланка: Ако сакаше, досега ќе го решеше проблемот со кравите

Објавено February 27, 2026 13:25
Сподели
Сподели

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро реагира на изјавата на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, дека локалната самоуправа нема никаква законска надлежност да постапува во справувањето со проблемот со говедата кои лутаат низ градот Крива Паланка и нанесуваат штета и на земјоделските поседи и во околните села.

Го потсетуваме Митовски дека неодговорно е кон сопствените граѓани и жители на паленечките села тој да се иззема од одговорност која ја има во овој случај, бидејќи согласно Законот за јавна чистота, член 14 став 1 точка 11, контролата на одржувањето на јавните површини односно чување и напасување на крупен добиток (вклучително и на говеда) на јавни површини ја има токму Општината. Ако сакаше, Митовски и досега можеше да го реши проблемот, сам или со помош од некои поранешни функционери, негови сограѓани, кои беа во врвот на претходната Влада“ велат од АХВ.

Оттаму посочуваат дека кравите „ниту се размножија во толку голем број за година и половина, ниту може инстантно да се соберат, во услови кога со Агенцијата не соработува Општината која е подеднакво одговорна за решавање на проблемот“.

„Како одговорна институција, во интерес на граѓаните на Крива Паланка и околните села, го повикуваме Митовски конечно да почне да го почитува законот и да соработува со Агенцијата, за трајно решение на реалниот проблем со кој се соочуваат жителите од овој крај“, додаваат од Агенцијата.

Во наредниот период од Агенцијата за храна и ветеринарство најавуваат дека ќе продолжат со активности за собирање на животните во интерес на граѓаните на Крива Паланка.

Вчера граѓаните на Крива Паланка излегоа на мирен протест поради револт од кравите кои со месеци им прават само штети, неконтролирано движејќи се насекаде кај што ќе стигнат. На протестот беше и градоначалникот Митовски, кој рече дека случувањата се „класичен пример, со кој се отсликува немоќта на институциите да постапуваат“. Тој алармира дека жителите се гневни и може да дојде, до како што вели, ескалација на настаните.

Пред два дена повторно имаше инцидент со сопствениците на кравите, кога екипи на АХВ се обидуваа да ги одземат животните. Ќерката на сопственикот на кравите, повторно беше уапсена поради попречување на работата на надлежните институции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија IBM posts steepest daily drop since 2000 after Anthropic says AI can modernize COBOL – Yahoo Finance
Следна Статија ‘Flow’ dramatically improves Android voice typing without replacing Gboard – 9to5Google

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски – Орбан: Стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта имаше средба со претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбанr. Мицкоски на Фејсбук објави…

May 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во студентскиот дом „Пелагонија“ директорот набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм, има криминал во домовите, вели Јаневска

Катастрофална е состојбата која ја затекнавме во поголем дел од ученичките и студентските домови, а создадена во време на претходната…

November 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Онер Јакупоски и официјално стапи на должност Градоначалник на Општина Маврово и Ростуше

Онер Јакупоски и официјално стапи на должност Градоначалник на Општина Маврово и Ростуше. Денеска, во свечена атмосфера, Онер Јакупоски официјално…

January 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?