Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Аудито“ на Мерко се продава за 10.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Аудито“ на Мерко се продава за 10.000 евра
МАКЕДОНИЈА

„Аудито“ на Мерко се продава за 10.000 евра

Објавено February 2, 2026 11:01
Сподели
Сподели

Советот на Општина Струга донесе одлука да го продаде службеното „ауди А6“ набавено во мандатот на поранешниот градоначалник Рамиз Мерко. Возилото, купено за 67.000 евра, ќе се продава на јавно наддавање со почетна цена од 10.000 евра.

– И ние како советничка група и неколку останати советници гласавме за продажба на тоа возило од проста причина што многу добро знаеме во какви околности беше купено тоа возило и во какво време, кога не беа запазени приоритетите на граѓаните. Струга имаше многу посериозни проблеми кои требаше да се решат, а не да се купува едно такво луксузно возило – изјави за Алфа, Коста Хиохи, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Според важечките прописи, на возилото му е пресметувана годишна амортизација од 15 отсто. Неговата моментална проценета вредност изнесува 618.602 денари, односно 10.000 евра.

– Почетната цена на продажбата ќе биде еднаква на проценетата вредност, утврдена од овластен проценител. Крајната продажна цена ќе се утврди преку самата постапка на јавно електронско наддавање – соопштија од Општина Струга.

Возилото, кое шест години се користело како службено, било поправано двапати, во март 2024 и во јануари 2025 година, за што биле потрошени 4.000 евра.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто изборот на Трамп за претседател на Федералниот резерв влијаеше на пазарите на злато и сребро – за добри причини
Следна Статија 10+ Игри доаѓаат на Xbox следната недела (2-6 февруари)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Трпеноски: Надлежните во Обвинителство итно да постапуваат по сомнежите за криминали во и од ФИТР

Обвинителството веднаш да се фати за работа, да ги разгледа пријавите и сите сомнежи за сторениот криминал во Фондот за…

November 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Не бил само еден патник во возот Скопје-Куманово (ВИДЕО)

Kако одговор на тврдењаta дека немало интрес за патување со воз на релација Скопје -Куманово и дека на оваа линија…

February 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта: Најавена средба со Орбан

Утре 30.05.2025 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

По 14 години, се гаси Ал Џезира Балканс, се затвора и канцеларијата во Скопје

По четиринаесет години работење на Балканот, регионалниот телевизиски проект Ал Џезира Балканс се гаси, беше потврдено за сараевскиот портал „Кликс“…

July 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?