Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Имаме најниски плати во регионот, се пожалија од здруженијата на судиите и на јавните обвинители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Имаме најниски плати во регионот, се пожалија од здруженијата на судиите и на јавните обвинители
МАКЕДОНИЈА

Имаме најниски плати во регионот, се пожалија од здруженијата на судиите и на јавните обвинители

Објавено September 23, 2025 18:22
Сподели
Сподели

Здружението на судии на Република Македонија реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска изјави дека чувствува мачнина од висината на платите на судиите и обвинителите.

Од Здружението велат дека според фактите, кои, како што наведуваа, се проверливи и достапни, платите на судиите и на судските службеници се најниски во регионот и пошироко.

„По однос ‘вечната тема’ платите на судиите во земјава, Здружението на судии јавно ќе ги обелодени фактите кои се проверливи и достапни за јавноста, а тоа е дека платите на најголем број на судии во Основните судови во РСМ, со фамозното ‘зголемување’ од 78 проценти, достигнува до 86 000 денари, а примањата на судските службеници се исклучително ниски и под просечната плата во РСМ. Ваквите плати на судиите и секако судските службеници се апсолутно најниските во регионот и пошироко“,се вели во реакцијата на Здружението на судии на РСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот дека не се согласува судиите и обвинителите да земаат повисоки плати, како што предвидуваат реформските закони во правосудството, бидејќи одлуките што ги носат и рејтингот што го имаат, според него, покажуваат дека не ги заслужуваат.

Мицкоски ова го кажа, откако при денешната посета на Штип беше прашан за коментар на вчерашната пресуда за докторката Мери Пешевска за тешки дела против здравјето на луѓето во предметот „Онкологија“, кој се однесува на несовесно лекување пациенти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во 2023 година секое шесто домаќинство во Македонија живеело во сиромаштија
Следна Статија МОН: Донесена е одлука за привремено запирање на работата на приватниот Факултет за бизнис економија во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела

СВР Скопје ги известува граѓаните дека 13.04.2025 (недела) со почеток во 10.00 часот, поради одржување на улична трка, Единицата за…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поплавени 50 домови во Ресен, под вода земјоделски површини и во Демир Хисар, во Прилеп паднал таван од куќа

Според информациите на Центарот за управување со кризи до 8 часот, обилните врнежи предизвикаа локални излевања, поплави и прекини во…

November 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обичаите што мора да се испочитуваат трите дена пред Велигден

Во тек е последната седмица пред Велигден (Пасха), Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и…

April 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Отворен новиот базен во Карпош

Општина Карпош доби нов базен. Отворањето е денеска, а истиот се наоѓа до салата „Наум Наумовски Борче – Партизан“ позади…

June 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?