Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пазарите очекуваат „нафтен шок“ од американско-израелскиот напад врз Иран штом берзите се отворат во понеделник
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Пазарите очекуваат „нафтен шок“ од американско-израелскиот напад врз Иран штом берзите се отворат во понеделник
СВЕТ

Пазарите очекуваат „нафтен шок“ од американско-израелскиот напад врз Иран штом берзите се отворат во понеделник

Објавено February 28, 2026 20:52
Сподели
Сподели

Израел и САД рано утрово започнаа напад врз Иран, за кој американскиот претседател Доналд Трамп вели дека е дел од „масовна операција“ насочена кон „срамнување со земја на иранската ракетна индустрија“, па поради тоа пазарите очекуваат остар скок на цените на нафтата штом берзите повторно се отворат во понеделник.

Тоа би било поради тоа што Ормутскиот теснец, низ кој минува една петтина од светската нафта, практично стана воена зона, пишува специјализираниот портал OilPrice.com.

Цените на нафтата растат со недели поради зголемените геополитички тензии, но се очекува денешната воена акција да ги крене на уште повисоки ниво.

Само во петокот, цените на референтната сурова нафта „WTI“ и „Brent“ пораснаа за речиси три процентни поени откако состанокот меѓу Иран и САД во Швајцарија не оначи никаков напредок во преговорите.

Иран е трет најголем производител во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), и обезбедува околу 4,5 проценти од глобалната потреба за нафта.

Производството на Иран се проценува на околу 3,3 милиони барели дневно сурова нафта, рафинериите таму имаат капацитет од 2,6 милиони барели дневно, според податоците од консултантската фирма FGE. Оваа земја извезува 90 проценти од својата сурова нафта преку островот Харг, односно ја транспортира преку Теснецот.

Главни купувачи на иранска нафта се кинеските компании.

Трамп напиша на мрежата „Truth Social“ дека целта е да се одбранат САД со „елиминирање на непосредните закани од иранскиот режим“ и го повика народот на Иран да ја преземе власта.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски во посета на Свети Николе по повод празникот Тодорова сабота
Следна Статија Да донираме за лекување на 10-годишната Ева

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Геолог со објаснување: Еве зошто Гренланд е толку посебен

Темелот на модерните зелени технологии се 34 суровини. На Гренланд се наоѓаат дури 25 од нив. На прв поглед, Гренланд…

January 14, 2026
СВЕТ

Трамп бара конкретни чекори од НАТО за Ормуската Теснина

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува сојузниците во НАТО да преземат „конкретни“ обврски за да помогнат во обезбедувањето на Ормуската Теснина…

April 9, 2026
СВЕТ

Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба со која се забранува влез на државјани од 12 земји, јави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи…

June 5, 2025
СВЕТ

Унгарскиот парламент ги изгласа уставните измени за забрана на јавните ЛГБТ активности

Унгарскиот парламент го усвои уставниот амандман со кој се дозволува владата да забрани јавни активности на ЛГБТКју+ заедницата. Правниците и…

April 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?