Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Иран потврди дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен – прогласи 40-дневна жалост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Иран потврди дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен – прогласи 40-дневна жалост
СВЕТ

Иран потврди дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен – прогласи 40-дневна жалост

Објавено March 1, 2026 09:45
Сподели
Сподели

Иранските државни медиуми потврдија дека врховниот водач на земјата, ајатолахот Али Хамнеи е мртов, наведувајќи дека тој е убиен како „маченик“, во израелско-американските напади извршени вчера.

Информацијата ја објавија сите државни медиуми во Иран, од новинските агенции ИРНА и Фарс, до иранската државна телевизија на која беше прочитано соопштение за смртта на ајатолахот кој 37 години беше неоспорен авторитет во земјата.

Водачот и имам на муслиманите, неговото високопреосвештенство ајатолахот Сејед Али Хосеини Хамнеи, на патот на почитување и возвишување кон светото светилиште на Исламската Република Иран, ја испи слатката чиста капка мачеништвото и се придружи на Врховното небесно царство“,

 

објави презентерот на иранската државна телевизина, според преводот на Ројтерс.

Иран веста ја потврди по часови негирање на информациите кои доаѓаа од Израел дека ајатолахот е убиен. Синоќа во објава на социјалната платформа Трут соушл, американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Хамние е мртов, додавајќи дека тоа е голема шанса за народот на Иран да си ја врати земјата.

Убиениот верски лидер имаше клучна улога во обликувањето на внатрешната и надворешната политика на Иран во текот на последните децении, развивајќи ја Исламската Република во моќен регионален фактор, пренесе агенцијата ДПА.

Вчерашните израелско-американски напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство, при што, според информациите се убиени највисоки функционери на Иран, меѓѓу нив и министерот за одбрана на земјата и шефот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, соопшти претходно израелската војска.

Врховниот совет за национална безбедност на Иран во соопштение наведува дека „мачеништвото на имамот Али Хамнеи ќе го означи почетокот на големото востание против тираните на светот“.

Извештаите дека Хамнеи е мртов предизвикаа спонтани прослави во Техеран. Беше објавено дека луѓето во иранската престолнина извикувале од радост од своите прозорци додека вестите циркулирале преку иранските медиуми во егзил, кои можат да се следат во земјата преку сателит. Од друга страна, голем број граѓани на Иран излгле на улиците да ја оплакуваат смртта на врховниот лидер.

Неговата смрт, според медиумите, е голем пресврт во случувањата во земјата.

 

Како одмазда за убиството на врховниот лидер, Иран, како што соопштија државните медиуми, денеска започнал нов бран ракетни и напади со беспилотни напади врз американските воени бази низ регионот и Израел.

 

Според извештајот на агенцијата АФП, кој се повикува на иранската државна телевизија дваесет и седум американски бази во регионот, како и воениот штаб на Израел и комплексот за одбранбена индустрија во Тел Авив биле цел на напади.

 

Утрово, бранови сирени се слушнале низ централен Израел и во делови од окупираниот Западен Брег, а израелската војска соопшти дека реагира на иранскиот ракетен оган.

 

Експлозии се слушнале и низ неколку градови во Заливот. Густи црни облаци од чад и неколку гласни експлозии биле пријавени над главниот град на Катар, Доха, а детонации одекнале и низ Дубаи во Обединетите Арапски емирати (ОАЕ) и Манама во Бахреин.

 

Гласни експлозии и густ, црн чад биле забележани и во близина на аеродромот Ербил, каде што се сместени коалициските трупи предводени од САД во автономниот регион Курдистан во Ирак.

Вчера, Иран одговори на нападите на САД и Израел со широк напад насочен кон повеќе од шест земји.

Американскиот претседател Доналд Трамп во синоќешната објава во која потврди дека ајатолахот Хамени е мртов, наведе дека нападите врз Иран ќе продолжат сè додека не се воспостави мир во регионот и светот

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Jakie bonusy oferują zakłady sportowe bez depozytu?
Следна Статија Apple’s new ‘Sales Coach’ app is now live on the App Store, replacing ‘SEED’ – 9to5Mac

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Во живо) Путин: Ајде да направиме експеримент, изберете цел и доведете ја западната воздушна одбрана таму, нема шанси да го пресретне Орешник

Рускиот претседател Владимир Путин ја одржува својата традиционална годишна конференција. Руските гледачи веќе со денови испраќаат прашања до Путин, а…

December 19, 2024
СВЕТ

Финскиот претседател предупредува: Европа мора итно да го спаси НАТО од Трамп

Европските лидери мора итно да дејствуваат за да го зачуваат она што останало од клучните столбови на трансатлантското партнерство, првенствено…

March 22, 2026
СВЕТ

Брук е убавата министерка за земјоделство на Трамп

Секој чекор на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп е будно следен од светската јавност, а многумина ѝ паднаа…

November 26, 2024
СВЕТ

Во САД убиен 17- годишен кошаркар

Медиумите во САД утрово пренесуваат трагична вест за смртта на талентираниот 17-годишен кошаркар, Ноа Скери кој бил убиен со огнено…

January 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?