Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дурмиши: Десет пати повисоки казни за нефер трговски практики, се размислува глоби да има и за добавувачите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Дурмиши: Десет пати повисоки казни за нефер трговски практики, се размислува глоби да има и за добавувачите
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Десет пати повисоки казни за нефер трговски практики, се размислува глоби да има и за добавувачите

Објавено March 1, 2026 11:18
Сподели
Сподели

Десет пати повисоки казни за нефер трговски практики, најавува министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Во интервју за МИА, Дурмиши открива дека се размислува, освен за трговците, глоби да има и за добавувачите.

Веќе се подготвуваат законските измени, а пред да бидат дефинирани и донесени, ќе се одржат средби со сите засегнати страни – дистрибутерите, трговците и производителите.

Според министерот, иако Законот за нефер трговски практики е во сила повеќе од една година, примената не е целосна. Дел од трговците формално ги усогласиле договорите, но и понатаму се утврдуваат недозволени трговски практики.

–Цениме дека казните за ваквите однесувања на трговците не се големи, туку се мали. Затоа, ќе имаме измени на Законот во наредниот период – ќе се зголемат казните 10 пати за сите трговци што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики. Ние посветено работиме да обезбедиме животен стандард за граѓаните, не може повеќе трговците да профитираат на грбот на граѓаните. Се размислува во казнената политика да се воведат казни и за добавувачите зашто тие досега не беа опфатени, а се случува, наместо да ги пријавуваат трговците што им прават притисок, на некој начин да се договараат со нив за да го зголемат рабатот, истакнува Дурмиши.

Пред донесувањето на законските измени, можно е, дополнува Дурмиши, да има и јавна дебата.

-Прво ќе ги известиме, да знаат со што ќе се соочуваат во наредниот период, а потоа ќе ги доставиме измените како предлог во владина процедура, па ќе одиме во Собрание. Пред да се усвои овој закон или да бидат на сила овие измени, може да имаме и некоја јавна дебата за да се приклучат сите засегнати страни што ги опфаќа законот, објасни министерот.

Во интервјуто, Дурмиши зборува за борбата против сивата економија, за минималната плата и за платите на функционерите.

-Како министер за економија ја поддржувам иницијативата за намалување на платите на функционерите, односно на именуваните лица. Сметам дека во овој период приоритет ни е да имаме стабилност во јавните финансии. Средствата треба да бидат насочени таму каде што е најпотребно, кон граѓаните. Испраќаме јасна порака, дека одговорноста треба да почнува од нас, потенцира Дурмиши.

Министерот информира дека утре ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет, а меѓу точкиот од дневниот ред, вели, е и Просечната потрошувачка кошничка.

Цело интервји на МИА.мк

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Samsung Uncommited to Another iPhone Air Rival or Trifold, COO Says – Bloomberg
Следна Статија Иранските ракети „не се ни приближија“ до американскиот брод „Линколн“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Грција предуслов и за регионален напредок и постигнување подобри економски резултати

Синоќа во Солун беше остварена средба меѓу претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и претседателот на Унијата на…

December 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Нова фаза за Сојузот на економисти: Враќање на знаењето и стручноста во време на економски предизвици

Во време на економски предизвици и глобални трансформации, потребата од јасен, стручен и одговорен глас на економистите е поголема од…

April 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на годишниот дијалог со ЕУ: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

На редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите партнерки од Западен Балкан, којшто се одржа во Брисел,…

May 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Германија одби 18.000 работници од Западен Балкан

Миграцијата на работна сила во Германија е повеќе од двојно зголемена од 2020 година. Според Агенцијата за вработување, во јуни…

February 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?