Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милошоски: ДУИ да се насочи кон реформирање на сопствената партија, а не да испраќа патетични писма
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Милошоски: ДУИ да се насочи кон реформирање на сопствената партија, а не да испраќа патетични писма
ПОЛИТИКА

Милошоски: ДУИ да се насочи кон реформирање на сопствената партија, а не да испраќа патетични писма

Објавено October 28, 2024 21:40
Сподели
Сподели

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со последиците оставени од владеењето на СДС и ДУИ меѓу кои и огромен буџетски дефицит и падната доверба на граѓаните во институциите на системот, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во гостувањето во централниот Дневник на Сител телевизија.

Но, од друга страна пак, посочува Милошоски, ДУИ тешко се справува со позицијата во опозиција и смета дека нивниот претседател, очигледно, во обидот да привлече внимание и кај актуелната влада и кај меѓународната заедница манипулативно отвара теми кои не соодвестуваат со реалноста.

Во однос на писмото кое денеска Ахмети го испрати до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Милошоски вели дека самиот се побива бидејќи тој лично пред неколку години потврди дека Охридскиот договор е завршена работа и партијата ја ребрендираше во зелена.

„Прво, самиот Али Ахмети се побива себе си со ова напишано писмо, бидејќи тој лично како претседател на ДУИ во 2021 година тука во Скопје промовираше на роденденот на ДУИ дека Охридскиот договор е завршена работа, националните теми се затворени и затоа ДУИ се трансформира во зелена партија со агенда за животната средина. И сега одеднаш кога падна ДУИ во опозиција ја нема животната средина ја нема зелената агенда, не е приоритет, сега повторно се оди на етнизирање на одредени теми како балансерот или слични други алатки кои ДУИ кога била на власт се согласила да бидат избришани. И затоа сметам дека ваквото негово писмо е патетично и е еден очаен обид за да се привлече внимание врз себе како одреден фактор од кој што зависи стабилноста или нестабилноста на државата, но тие времиња поминаа и најдобро е ДУИ да си посвети внимание на сопствените внатрепартиски реформи“, рече Милошоски додавајќи дека Али Ахмети има обврска да си ја реформира неговата партија од високата корупција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ги мамел жртвите преку Тиндер, па ги силувал: Доктор осуден на 158 години затвор
Следна Статија (ВИДЕО) Ладно добредојде во Кина: Никој не ја пречека германската мнистерката за надворешни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Рекорден број новинари на Конгресот: Присутни и медиуми од соседните држави

Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци привлече рекорден медиумски интерес. Според извори од организацијата, акредитирани се повеќе новинарски редакции отколку на…

December 6, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: ДУИ наместо да побара бегалецот од правда Груби да се врати, продолжува со поделби на народот

Владата има легитимитет од повеќе од 600 илјади граѓани коишто на 8 мај го дадоа својот глас. Ова е можеби…

December 24, 2024
ПОЛИТИКА

Пратеникот Сулејмани од Алијансата поднесе оставка

Пратеникот Салим Сулејмани ја извести јавноста дека поднесува оставка од сите партиски функции во Алијансата за Албанците, како и од…

May 18, 2025
ПОЛИТИКА

Mицкоски: Коалицијата Вреди не го поддржува Дехари за градоначалник во Кичево

Партиите имаат уште пет дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка…

October 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?