Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Интервенцијата во Иран е оправдана, но САД треба да знаат дека и во земјава има авторитарна власт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Интервенцијата во Иран е оправдана, но САД треба да знаат дека и во земјава има авторитарна власт
ПОЛИТИКА

Филипче: Интервенцијата во Иран е оправдана, но САД треба да знаат дека и во земјава има авторитарна власт

Објавено March 1, 2026 16:54
Сподели
Сподели

Лидерот на опозицискиот Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче смета дека нападот на САД, заедно со Израел, врз Иран е оправдан, исто така, како што тоа беше случај со интервенцијата во Венецуела во која беше соборен тамошниот режим.Филипче ова го кажа на денешната прес-конференција на која беше прашан за став околу изјавата на шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, кој вчера соопшти дека Македонија дава поддршка на САД и на Израел за нападите на Иран. Воедно, лидерот на СДСМ новинарите го прашаа и за коментар за свикувањето на Советот за безбедност, на кој тема ќе бидат случувањата на Блискиот Исток.

„Видете, Соединетите Америкнски Држави се наш стратепки партнер и тие откако ги исцрпеа сите дипломатски механизми на преговори, настапија со еден таков напад, и сметам дека таквиот напад и сè што прават е во истиот контекст како што се направи со интервенцијата во Венецуела. Тоа е е за доброто на иранскиот народ, како што беше за доброто на народот на Венецуела“,рече Филипче. 

Сепак, надоврзувајќи се во одговорот на прашањето, тој кажа оти Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер треба да знаат дека „во нашата земја има власт со многу слични карактеристики на тие авторитарни режими со кои тие се справуваат“.

Елаборирајќи го својот став, Филипче ги повтори критиките што опозициската партија изминатиот период ги адресира до власта, а кои се однесуваат на тврдењата дека Владата на чело со ВМРО-ДПМНЕ ја турка земјата кон изолација, дека преку вицепремиер во извршната власт има контакти со рускиот претседател Владимир Путин, како и дека целосно го партизира правосудството.

„Имаме власт и премиер којшто ја бутка земјата во изолација, притоа знаејќи дека во стратешки интерес на Соединетите Американски Држави е интергацијата во ЕУ и на нашата земја и на целиот регион. Понатаму , оваа власт има отворени контакти со Путин, преку контактите на вицепремиерот со ‘Ноќните волци’. Внимавајте вторито човек на Владата не ги крие контактите со ‘Ноќните волци“, луѓе блиски на рускиот претседател, Владимир Путин“,рече Филипче.

Осврнувајќи се на состојбите во правосудството, лидерот на СДСМ кажа дека премиерот не се воздржува да именува, назначува и елиминира обвинители на телевизија, а владиниот портпаролот да соопштува судски одлуки кои претходно никаде не се објавени.

„Очигледно е влијанието и партизирањето на судството“,посочи Филипче.

Говорејќи во истиот контекст тој го посочи враќањето на од бегство на Артан Груби, за што кажа дека фалело уште премиерот да го пречека на граница.

„Такви политички договори во кој судството и обвинителството се послушници никому не носат добро. Оваа власт кумува на трансферот на пет тони дрога прекку граница. Пет тони дрога не можат да се пренесат без знаење на власта, без структурите во Царината и во полицијата, Оваа власт ја гуши слободата на говорот. Прво има своја мрежа на медиуми преку кои шири лажни вести, оцрнува, дискредитира и спинува, и носи резолуции во парламентот со кои кажува што опозицијата може, а што не може да зборува. И сето тоа се карактеристики на такви корумпирани режими со кои Соединетите Американски Држави во последниот период се справуваат. Имаме работа со еден терминално неспособен премиер, терминално неспособна влада, коишто немаат капацитет, ниту занење и визија каде ја водат државата и се интересираат само за сопствениот интерес“,кажа лидерот на СДСМ.

Одговарајќи на прашањето за свикувањето на Советот за безбедност, Филипче кажа оти е добро да се разговара, но, додаде оти би било добро претседателката да ја покрене, како што рече, темата зошто откако таа е врховен командант на вооружените сили на земјава има шуга по касарните.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали Заев е македонскиот ајтолах?
Следна Статија Превц е човек птица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

„Ќе го разреши ли Мицкоски вицепремиерот Фетаи поради непочитување на македонскиот јазик“, прашува СДСМ

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ не испорача „историки резултати“ а наместо „горда Македонија“ коалициски партнери во Владата не го почитуваат ниту македонскиот…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е најгласен промотор на бугарските политики во Македонија

Венко Филипче и СДС се директно фатени на дело во отворена соработка со бугарски активисти кои отворено го негираат македонскиот…

May 26, 2026
ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова: Ниту сум имала намера, ниту ќе употребам вето за да навредам некој јазик

Ниту сум имала намера, ниту некогаш ќе направам такво нешто да употребам вето за да навредам некој јазик, ниту пак…

January 7, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Да не беше смешно, ќе беше трагично. Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да…

March 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?