Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нова есхумација: Истрагата за осомничениот од Старо Нагоричане се проширува за уште едно убиство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Нова есхумација: Истрагата за осомничениот од Старо Нагоричане се проширува за уште едно убиство
ХРОНИКА

Нова есхумација: Истрагата за осомничениот од Старо Нагоричане се проширува за уште едно убиство

Објавено March 2, 2026 16:38
Сподели
Сподели

Истрагата против дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек се проширува за уште едно убиство, изјави обвинителот Љубомир Лапе.

Се спроведува истражна постапка против истото лице, со што фактички се проширува истрагата за уште едно кривично дело – убиство. Согласно Кривичниот законик, тоа претставува кривично дело убиство од член 123 став 3, за кое е предвидена доживотна казна затвор, изјави тој по денешниот брифинг со новинари за предметот.

Обвинителството најави дека во наредните денови ќе биде извршена уште една ексхумација, за уште една жртва за која постои сомневање дека е убиена.

Засега има докази за две убиства, како и за еден обид за убиство, а ДНК анализата ги поврзува случаите со осомничениот Т.Б. кој работел како овчар.

Надлежната обвинителка од кумановското обвинителство, Теута Бедиу Рамадани и обвинителот кој го води предметот, Љубомир Лапе, на денешниот брифинг информираа дека мотивот за убиствата сѐ уште не е утврден и се чека на психијатриско вештачење за состојбата на осомничениот. Тие информираа и дека се издадени наредби до МВР да ги достават сите претходни пријави и поплаки за осомничениот, врз основа на кои ќе се утврди дали имало пропусти во постапувањето.

МВР доби наредба да ги извади сите можни пријави, поплаки, телефонски јавувања, очевидци, сите можни настани врз основа на кои ние понатаму ќе утврдуваме што е пријавено, кој постапил, кој не постапил, додека немаме увид во сите овие материјали не можеме да зборуваме, изјави обвинителот.

Жртвите и преживеаната се од ист регион, а според обвинителството, засега нема докази дека станува збор за сексуално насилство.

Против дваесет и петгодишниот Т. Б., како што информираа претходно од СВР Куманово, биле поднесени и кривична пријава поради постоење основано сомнение дека е извршител на две „тешки кражби“ по член 236 од деловен објект и приватен имот и „кражба“ по член 235 од товарно моторно возило.

Извор: Фокус

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Црвениот крст исплати над 11,2 милиони денари на 18 настрадани од пожарот во Кочани
Следна Статија Царинска управа: Во февруари наплатени приходи од 10,8 милијарди денари, раст од 7,7 проценти во однос на лани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсени две лица од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и…

August 12, 2025
ХРОНИКА

Стојанче Јовановски имал 10 кривични пријави за насилен криминал, имотни деликти и дрога

Сопругот и татко на сега починатите мајка и ќерка кои вчера паднаа од зграда во Тафталиџе имал богатo криминално досие.…

March 3, 2026
ХРОНИКА

Киднапираните мигранти во Студеничани се спасиле откако испратиле мејл со СОС до македонските служби

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна…

March 25, 2025
ХРОНИКА

Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје

Андреја Ѓоргиевски и Сара Пројовска  ќе бидат погребани утре во Скопје.  - Погребот на нашата драга и сакана, непребол, вонреден професор…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?