Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Два часа пред трагичниот настан, полицијата била пред зградата и разговарала по пријава за расправија меѓу сопружниците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тошковски: Два часа пред трагичниот настан, полицијата била пред зградата и разговарала по пријава за расправија меѓу сопружниците
ХРОНИКА

Тошковски: Два часа пред трагичниот настан, полицијата била пред зградата и разговарала по пријава за расправија меѓу сопружниците

Објавено March 3, 2026 15:17
Сподели
Сподели

Два часа пред мајката и девојчето во скопски Карпош да го завршат животот со пад од тераса, полицијата била пред зградата и разговарала со жената, затоа што имало пријава за расправија меѓу сопружниците.

На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека трагичниот настан во Карпош се случил по пад од балкон, при што животот го загубија жена и малолетно дете, не можел да биде спречен од полицијата, затоа што жената на полицајците им рекла дека се работело за недоразбирање, по што сио заминала во станот.

Пријавата за немилиот настан била примена од случаен минувач, а на улицата „Теодосиј Гологанов“ веднаш интервенирале полициски службеници од Полициската станица Карпош и екипа на Итната медицинска помош, при што била констатирана смрт кај жената и детето.

СВР Скопје извршило увид, а телата се предадени на обдукција. Од местото на настанот биле подигнати материјални траги и мобилен телефон.

Тошковски истакна дека истиот ден претходно била пријавена расправија меѓу сопружниците, при што полицијата интервенирала и разговарала со жената. Таа изјавила дека немало физички контакт и дека се работело за недоразбирање, потпишувајќи службена белешка. По ова, жената се упатила кон станот каде подоцна се случил трагичниот исход.

По усна наредба, сопругот, Стојанче Јовановски, бил уапсен поради сомневање за сторено кривично дело. Според министерот, во изминатите две години против него биле поднесени десет кривични пријави за имотни деликти, насилен криминал и недозволена трговија со дрога. При една од постапките биле пронајдени 20 паковки со наркотична супстанција, по што бил уапсен и против него биле изречени мерки на претпазливост.

Во 2025 и 2026 година полицијата постапувала и по други пријави за нарушени брачни односи, но оштетената се повлекувала од поднесените пријави.

Тошковски уверува дека имаат снимки од тоа како насилникот ја тепа жртвата порано тој ден, дека ќе биде спроведен пред обвинителството и ќе биде задржан во полиција, а му следуваат пријави за „поттикнување и наведување на самоубиство“, како и уште други две дела.

Министерот нагласи дека сите околности се детално документираат. Тошковски објаснуваше и дека со најновите измени на Кривичниот законик, полициските службеници во вакви случаи може да постапуваат по службена должност и дека од 2024 година, кога биле пријавени 213 случаи на насилство, само еден завршил со притво, додека во 2025 од 224 случаи, за 51 било постапено по брза постапка а 17 завршиел со притвор. Годинава пак, досега има евидентирано 28 случаи, за 12 е постапено по брза постапка, а пет завршиле со притвор.

Сепак, тоа не беше доволно да се спасат животите на оваа млада мајка и нејзината ќерка.

Тошковски повика за менување на менталниот склоп не само на полициските службеници и социјалните работници, туку и на сите нас, за да пријавуваме кога сме сведоци на насилство. Едновремено, сведоштвата на сосетките на оваа последна жртва, велат дека пријавувле, но од полицијата им било кажано дека може да постапат само ако жртвата постапи, а ако продлжат тие да пријавуваат, ќе им поднесат тужба за лажно пријавување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ‘Open war’: Pakistan says ‘patience has run out’ as it bombs Afghanistan – Al Jazeera
Следна Статија Bank of America resets Nvidia price target after earnings – Yahoo Finance

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина затвореник, познат неговиот идентитет

На 25.02.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во установата…

February 26, 2025
ХРОНИКА

Штеки цигари сокриени во цевка за црево на цистерна на Богородица

Царински службеници на граничен премин Богородица во една цистерна пронајдоа дури 49 штеки цигари и 300 грама тутун за пушење…

June 3, 2025
ХРОНИКА

Вработен на Универзитетот во Тетово присвоил над 55.000 ЕВРА од студентите

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против вработен на Меѓународниот универзитет во Тетово, поради…

July 20, 2026
ХРОНИКА

Уапсен разбојник во филијали за брзи кредити, поднесена му е кривична пријава и определен му е притвор

На 26.10.2025 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(25) од Скопје. Тој се сомничи дека…

October 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?