Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тошковски: За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани
ХРОНИКА

Тошковски: За шверцот на марихуана во Србија ќе одговараат сите инволвирани

Објавено March 3, 2026 19:25
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи има основани сомненија дека и порано нелегално била изнесувана марихуана од државата и оти покрај скопската „Алфа фарм“ и други компании се поврзани со шверцот, потврди денеска ресорниот министер Панче Тошковски.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција тој побара разбирање од јавноста за процесот, кој, според него, е еден од најголемите кривично-правни предмети и посочи дека имаат сомнежи дека станува збор за организирана криминална група, чии припадници се и од земјава и од надвор.

Ќе мораме како јавност да имаме разбирање дека можеби е еден од најголемите кривично-правни процеси коишто ќе треба да бидат сработени од страна на Министерството за внатрешни работи заедно во соработка, особено со Финансовата полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царина и Јавното обвинителство – рече Тошковски.

Подвлече дека државата ќе навлезе во суштината на предметот и оти ќе одговараат сите инволвирани.

Ќе мораме да покажеме како држава дека во ваков огромен предмет, од секој аспект, од финансиски, кривично-правен, навистина ќе навлеземе во суштината на предметот. И нема да одговараат за кривично дело само „мулињата“, така обвинителството и во рамки на правната теорија се ословуваат оние кои се само транспортери на одредени нелегални стоки, туку навистина ќе одговараат оние кои што стојат позади целокупната таа организирана криминална банда. А за тоа ќе ни треба повеќе време – изјави Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Националната мрежа против насилство врз жените бара одговорност – со име и со презиме
Следна Статија Трамп: Предоцна е за преговори со Иран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Скопски полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран…

August 27, 2025
ХРОНИКА

Директорот на НП Маврово кој има кривична пријава за дива сеча на дрва, разговара со ЦУК за заштита на шумите

Директорот на Националниот парк Маврово Харис Ибраими дава изјава дека заштитата на националните паркови е заедничка обврска, а пред само…

September 5, 2025
ХРОНИКА

Деца нападнати од своите татко, баба и дедо

Денеска (01.06.) во 00.00 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Скопје пријавила дека на претходниот ден околу 14:00 часот…

June 1, 2025
ХРОНИКА

Загина девојка: Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

На 06.06.2025 во СВР Скопје било пријавено дека во 16.20 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, патничко возило „бмв“ со скопски…

June 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?