Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Обезбедувањето ми го спаси животот, кажа сведок на денешното судење за „Пулс”
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Обезбедувањето ми го спаси животот, кажа сведок на денешното судење за „Пулс”
ХРОНИКА

Обезбедувањето ми го спаси животот, кажа сведок на денешното судење за „Пулс”

Објавено March 5, 2026 17:01
Сподели
Сподели

Сведоци кои биле во дискотеката „Пулс” кобната ноќ кога избувнал пожарот во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, на денешното рочиште пред Судот сведочеа за моментот на избувнување на пожарот, но и за внатрешноста на клубот, издавањето карти и контрола при влез, па се до моментот кога избувнал пожарот и паниката за излез од преполната дискотека, како и последиците што ги трпат до денес.

Сведокот Кристијан Китанов кој бил редовен гостин во дискотеката „Пулс” во Кочани, во својот исказ на денешното рочиште во Судот, рече дека во дискотеката одел и како малолетник и дека никој не му барал лична карта – „ниту како малолетник, ниту после кога сум одел”.

Како малолетник, сведокот рече дека секогаш бил информиран од другари кога ќе има полиција во дискотеката, а вечерта на пожарот, рече дека дошла полиција и еден од бендот ги поздравил, по што, како што посочи, дел од гостите кои биле малолетници почнале да одат во тоалетот.

Прашан како знаел дека вечерта има малолетници во дискотеката, сведокот рече дека Кочани е мал град и ги познавал некои од нив.

-Кога ќе видам полиција во дискотеката знам дека е или за малолетници или за некоја тепачка. Мене на тоа ме потсетува кога ќе видам полиција, изјави сведокот.

Во дискотеката бил и кога избувнал пожарот на 16 март. Појасни дека купил билет на влез, ги дал на обезбедувањето кое ставило печат и ги пуштиле внатре со другарите.

Внатре се сместиле на маса точно до бината. Кога избувнал пожарот настанало стампедо.

–Не можевме како да искочиме, настана голема топлина и чад. Осетив искри и нешто црно почна да паѓа од плафонот. На грбот имам изгореници од втор степени, тогаш почна да ме фаќа паника и да се туркам низ стампедото и негде кај вратата паднав. Во стампедото левата потколеница ми беше изместена. Почнав да молам за помош, зошто пред вратата беше обезбедувањето. Лазо и Портокалот беа пред вратата, гледав како извлекуваат луѓе, но мене не можеа зошто без заглавен од други луѓе – изјави сведокот.

Додека бил заглавен пред вратата, сведокот рече настанал чад и жештина што не се издржува.

– На левата рака гледав како почна да ми се лупи кожата и со десната почнав да го штитам лицето. Двете раце и лицето ми беа изгорени со изгореници од втор степен – појасни сведокот.

Тогаш сведокот почнал да се гуши, посочувајќи го Лазо, кој рече дека видел како му подава рака да го повлече, но дека тој не можел да му подаде рака.

-Потоа Лазо и мојот вујко ме извлекле надвор, ме освестиле и со приватна кола однеле во болница – појасни сведокот.

На прашање од адвокатката на првообвинетиот, дали видел како се запалила дискотеката, сведокот рече дека не видел како избувнал пожарот, туку дека видел само кога веќе гори плафонот.

Сведокот најави дека бара оштетно побарување и се приклучува на кривичен прогон.

Токму ова предизвика реакции во судницата, кога адвокатот Јовица Страшевски го праша сведокот да појасни од кого преднајавува оштетено побарување, дали на тие што му подале рака да го спасат или на некој друг конкретно.

Обвинителството реагираше на тонот со кој било поставено прашањето.

Судот посочи дека толку прецизирање не може, но сведокот може да одговори и допрецизира ако сака.

-Само за обезбедувањето не. Не поднесувам за обезбедувањето, зошто тие ми го спасија животот – рече сведокот.

Сведокот Мартина Ристовска, која била во дискотеката „Пулс“ во Кочани во моментот кога избувнал пожарот, денеска на судењето изјави дека почетокот на пожарот случајно го снимила на видео за Инстаграм, но дека тоа го забележала дури следниот ден, кога го гледала видеото.

Објаснувајќи што се гледа на снимката, сведокот рече дека на бината имало три прскалки и дека „над последната од лева страна почнало да гори на плафонот“.

На видеото, како што појасни во судница, се гледа дека на бината има три прскалки и над последната од лева страна почнало да гори на плафонот, појаснувајќи дека прскалката не се запалила, туку почнало да гори над неа на плафонот.

Ристовска изјави дека во дискотеката пристигнала со другарки околу 12 часот, дека купила билет, но дека не се сеќава дали обезбедувањето ѝ побарало лична карта за влез.

Според нејзиниот исказ, била сместена во средина на дискотеката, а пожарот го видела откако пејачот кажал да ја напуштат дискотеката дека „има пожар и ќе се вратиме за кратко“, по што сите се упатиле кон излезот, а двајца од обезбедувањето, како што рече, ѝ помогнале и ја извлекле надвор на сигурно.

Ристовска наведе дека, кога излегла надвор и се соземала, и таа помагала заедно со останатите, додавајќи дека „тие што излегле плукале црно“.

Сведокот изјави и дека од 2021 година речиси секој викенд била гостин во дискотеката, посочувајќи дека претходно имало скали со сепариња нагоре, кои, како што рече, во 2025 година ги немало.

На прашање од одбраната дали од нејзиниот исказ може да се заклучи дека членови на бендот ДНК ја запалиле дискотеката, Ристовска рече дека не може да одговори на тоа, нагласувајќи дека „никој не видов дека намерно нешто пали“.

На прашање од одбраната дали може да заклучи дека обезбедувањето дејствувало одлучно и дека секој гледал да помогне, сведокот одговори потврдно и изрази благодарност што ја извлекле надвор, истакнувајќи „си го жртвуваа своето здравје за да спасат други, вклучително и мене, а верувам дека и други им се благодарни што ги спасиле. Според мене да не беа тие ќе имаше и повеќе жртви“.

Адвокатот Петре Шилегов, во изјава за медиумите на пауза на денешното рочиште, рече дека имајќи го предвид ставот на ОЈО ГОКК кој ги квалификува сторителите на кривични дела – луѓе што ја злоупотребиле службената положба и луѓе кои предизвикале општа опасност, односно го предизвикале пожарот во Пулс, сметаат дека ќе се намали бројот на обвинети во овој предмет.

–Македонскиот правен систем не познава два закони за судови и два закони за обвинителство. Ние имаме еден закон за судови, еден закон за обвинителство, надлежен е Основниот суд Скопје согласно ставот на Врховен суд и јавното обвинителство е еден и единствен орган. Токму од тие причини, бидејќи станува збор за ист кривично правен настан, на кој ќе се разгледуваат истите последици, не знаеме кои докази ќе бидат изведувани во таа постапка, бидејќи не сме дел од таа постапка, сметаме дека е целисходно се да биде ставено на едно место и имајќи го в предвид ставот на ОЈО ГОКК, дека ќе дојде до редукција односно намалување на бројот на обвинитите, бидејќи и тогаш и сега тврдиме за овие правни квалификации кошто постојат на овој предмет, најмалку 80 отсто од луѓето не треба да се во судница, изјави Шилегов.

Судењето се наоѓа во доказна постапка и продолжува со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна ноќта на 16 март минатата година, за време на настап на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Процесот се одвива под засилени безбедносни мерки, а постапката се води против повеќе од 30 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност. Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители. Судењето продолжува со изведување докази и сослушување сведоци

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Битиќи: Жена е убиена поради институционални слабости
Следна Статија Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП, владините политики даваат резултати

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Експлозија и „пепел“ – запален автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе (ВИДЕО)

Ноќеска околу 3 часот по полноќ, запален и пеплосан бил автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе, претседател на скопската организација на…

September 9, 2025
ХРОНИКА

Жена го пријавила сопругот и неговите родители за насилство

На 10.01.2025 во 23.50 часот во СВР Скопје 24-годишна жена пријавила дека во скопско село била физички нападната од нејзиниот…

January 11, 2025
ХРОНИКА

Лишен од слобода жител на скопско Љуботен кој превезувал тутун без документација

Полициски службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи вчера го лишиле од слобода С.Р.(33) од скопското село Љуботен, во чиј…

May 25, 2025
ХРОНИКА

Бил агресивен и со остар предмет се заканувал на вработените: Турчин уапсен во казино

На 17.11.2024 во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.Г.(34) од Република Турција затоа што…

November 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?