Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 60 компании со фантомски проекти исцицале 3,2 милиони евра од Фондот за иновации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > 60 компании со фантомски проекти исцицале 3,2 милиони евра од Фондот за иновации
ЕКОНОМИЈА

60 компании со фантомски проекти исцицале 3,2 милиони евра од Фондот за иновации

Објавено October 29, 2024 13:20
Сподели
Сподели

192 милиони денари или 3,2 милиони евра се испумпани од Фондот за иновации и технолошки развој со фантомски проекти, соопшти в.д. директорот на ФИТР, Никола Додов на денешната прес-конференција за ревизијата во оваа институција. Се работи за 60 фирми за кои се води истрага. И 50 приватни здравствени установи ги злоупотребиле средствата што ги добиле од Фондот. Овие утврдени злоупотреби ќе бидат доставени до надлежното Јавно обвинителство, по кои што ќе се постапува. Додов најави дека Фондот жестоко ќе се бори тие пари да бидат вратени.

Постои и долг за оперативни трошоци од 1.3 милиони евра ненаплатени од поранешното раководство, се преземаат чекори за утврдување одговорност, а за само еден месец 600 илјади евра веќе се наплатени од сегашното, ново раководство.

Директорот Додов соопшти дека во тек е сеопфатна ревизија на исплатените средства за проектите и на самите проекти како се одвивале и одвиваат во моментот.  Се истражува и како и по кој законски основ станале корисници на средства од ФИТР.

Постои и основан сомнеж дека со политички договори се дадени огромни средства за проекти, а не според законските прописи и услови на ФИТР.

Се истражува и случај на големи средства дадени во ковид кризата на медицински установи блиски до минатата власт.

Компанија во блиска врска со тогашната власт, поврзана со СДСМ и ДУИ добивала огромни средства од фондот, а  истото лице е поврзано и со други 4 компании, каде 80 насто од средствата се префрлаат на сметка на иста компанија, извести директорот на ФИТР, кој најави одговоорност за сериозните неправилности во работата на претходното раководство.

Посочи и дека неколку фирми биле корисници на повеќе грантови за исти, идентични проекти.

Потенцира и дека два „Иновациски“  градови во Македонија се „лидери“ по иновации со најголем број средства од ФИТР по глава на жител.

Во Фондот се само 8 лица вработени со редовен работен однос. Повеќе лица земале хонорари од 60-на илјади денари, не оделе на работа, а само тројца запишани со редовно работно време, дел запишани како „експерти“ одбивале да ги извршат своите задачи.

Се работи на поднесување кривични, а на следната прес-конференција в.д. директорот Додов најави дека ќе извести поконкретно за кривичните пријави.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски го прочитал писмото од Ахмети, вели дека поминало времето кога политичари можат да влијаат на судии
Следна Статија Мицкоски: Ќе создадеме стратешки документ кој што ќе биде патоказ за сите идни Влади

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Инвеститор го купи земјиштето на ски центарот Кожуф за 2,5 милиони евра

Инвеститор за 2,5 милиони евра го купи земјиштето на ски-центарот „Кожуф“, кој е девет години во стечај. На 10 април…

April 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Објавени најдобрите 25 светски компании, меѓу нив нема ниту една од Европа

Извештајот на PwC, една од најголемите светски ревизорски и консултантски фирми, за најголемите светски компании според пазарната капитализација покажува драматична промена…

October 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

January 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Amazon и Open AI склучија договор од 38 милијарди долари

Светот на вештачката интелигенција доживува нов, спектакуларен пресврт. Amazon Web Services (AWS), облак-дивизијата на Amazon, објави склучување на седумгодишен договор…

November 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?