Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бројот на производи во „Новогодишната кошница“ достигна 1036, расте интересот на компаниите да се приклучат во акцијата – граѓаните да пријават забелешки!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Бројот на производи во „Новогодишната кошница“ достигна 1036, расте интересот на компаниите да се приклучат во акцијата – граѓаните да пријават забелешки!
ЕКОНОМИЈА

Бројот на производи во „Новогодишната кошница“ достигна 1036, расте интересот на компаниите да се приклучат во акцијата – граѓаните да пријават забелешки!

Објавено December 16, 2024 13:20
Сподели
Сподели

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши заедно со заменик министерот Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски одржаа прес-конференција на која информираа за акцијата „Новогодишна кошница“ која што започна вчера.

Како што информиравме и како што беше најавено, вчера започна акцијата „Новогодишна кошница“ која што ја најавивме уште на почетокот на есента.

Задоволство ми е да кажам дека бројот на производи во “Новогодишната кошница“ континирано расте и заклучно денешниот ден достигна 1036 производи. Во акцијата досега се приклучени над 90 производители и дистрибутери на производи, а производите од вчера се достапни за граѓаните во 38 ланци на маркети. Оваа акција е направена на иницијатива на бизнис секторот, каде тие понудија производите кои сe понудени по пониски цени за граѓаните од најмалку 10 проценти и ќе таре од 15 декември 2024 до 15 јануари 2025 година.
Преку оваа мерка директно помагаме за подобрување на животниот стандард на граѓаните новогодишните празници да ги поминат во пристојни услови. Сите производи кои се опфатени со акцијата се обележани на рафтовите на маркетите со ознаката „Се грижиме! Помалку трошоци, повеќе за тебе“, кажа министерот Дурмиши.

Како што појасни министерот иако вчера за голем дел од маркетите низ државата беше неработен ден, односно работеа маркетите само во трговските центри и во туристичките места, производите на рафтовите беа обележани како што тоа го забележа Државниот пазарен инспекторат. Сите информации за акцијата, листата на производи и компаниите кои се дел од кошницата (производители, дистрибутери, маркети…) се објавуваат на интернет страната www.mojakosnica.mk. Листата на производи не е затворена и сите заинтересирани можат да се пријават со свои производи на info@mojakosnica.mk .

-Сакам уште еднаш да повторам дека оваа „Новогодишна кошница“ ја направивме во консултации со бизнисот, каде што одржавме десетици состаноци со сите. За прв пат оваа „Новогодишна кошница“ од мерките кои претходно се носеле со цел за заштита на стандардот на граѓаните бидејќи оваа мерка произлегува од бизнисот, а не е одлука на Владата. Оваа таканаречена мерка е акциско намалување на цените на одделни прехранбени производи, алкохолни и безалкохолни пијалоци која ќе важи еден месец, потенцира Дурмиши.

Министерот информираше дека мониторингот на цените се врши во согласнст со Законот за заштита на потрошувачи и Законот за трговија, односно се гледаат цените на производите кои се во Новогодишната кошница и најниските цени на истиоте производи кои биле во псоледните 30 дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Принцот Вилијам би можел да стане крал порано од очекуваното?
Следна Статија Уапсени 7 лица членови на групите Дуќанџик и Арачиново, пронајдени пари, оружје…

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Направете го вашиот стар компјутер како нов со Windows 11 Pro

Надградете го вашето дигитално искуство по невероватна цена

December 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Новата 2026 година ја пречекуваме со стабилизирани јавни финансии и поголема економска сигурност

Годината што ја оставаме зад нас беше година на сериозна работа, внимателни одлуки и јасна цел – стабилизирање на јавните…

December 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Светска банка назначи нова директорка за Косово и Македонија

Светската банка ја назначи Карол Межеван за нова директорка за Косово и Македонија, започнувајќи од 1 јули 2025 година. Во…

July 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трипуновски: Во зелката вратена од Хрватска не се пронајдени забранети пестициди

Во македонската зелка запрена на хрватската граница нема пестициди тврди министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Надлежниот инспекторат…

January 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?