Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Може да се подобри поддршката за жртвите на семејно насилство, проблем е што тие ја повлекуваат изјавата во полиција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Може да се подобри поддршката за жртвите на семејно насилство, проблем е што тие ја повлекуваат изјавата во полиција
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Може да се подобри поддршката за жртвите на семејно насилство, проблем е што тие ја повлекуваат изјавата во полиција

Објавено March 6, 2026 13:28
Сподели
Сподели

Еден од најголемите проблеми во случаите на семејно насилство е кога жртвата ја повлекува изјавата дадена пред полицијата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски пред почетокот на тркалезната маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“.

– Можам да претпоставам дека најголемиот дел се под притисок на насилникот и не можеме во никој случај да ја окривиме жртвата зошто ја повлекла изјавата што ја дала, но мораме да најдеме поефикасен одговор на ваквите случувања. Имаме во рамки на сегашната регулатива можности поефикасно да работиме како институции и затоа сме овде, и затоа ќе разговараме и ќе се координираме да најдеме решение 24/7 системот да одговори не само од аспект на МВР, туку од аспект на Центарот за социјални работи, од аспект на Јавно обвинителство, од аспект на Кривичен суд, на невладини организации, поддршка на жртвите, можам да кажам и од аспект на секој еден македонски граѓанин кој ќе констатира фактичка состојба каде имаме потенцијално семејно насилство да ја информира македонската полиција, да реагираме. Ја уверувам јавноста дека секој еден полицаец ќе даде максимум од себе за спречување на какво било насилство, особено насилство на малолетни деца, како и дека има многу чекори што треба да се подобрат, рече Тошковски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со пријавата на семејно насилство во Кисела Вода синоќа каде бил испукан куршум, Тошковски рече дека бил информиран од началникот на СВР Скопје и дека потенцијалниот сторител е задржан во полициска станица и за него ќе се преземат дејствија согласно првичната фактичка состојба.

– Битно е дека во конкретната ситуација за среќа нема смртни последици, рече министерот за внатрешни работи додавајќи дека бил информиран оти синоќа имало уште еден случај на потенцијално семејно насилство и оти и во тој случај насилникот е задржан во полициска станица.

Тошковски вели дека ова е можеби поврзано со тоа што се случува во последно време жртвите да се охрабруваат што повеќе да пријавуваат семејно насилство или тоа што новинарите пишуваат повеќе за ваквите случаи.

– Сигурен сум дека јавното говорење за ваков тип на насилство и брзата интервенција од страна на сите учесници ќе дадат резултати. Ова е еден проблем што ја тишти македонската држава, проблем кој го имаме и за којшто ќе мора да се зборува гласно, ќе мора да се даде внимание од секој еден македонски граѓанин, особено од страна на институциите, се со цел да имаме подобар институционален одговор во иднина, максимално да ги искористиме нашите капацитети да не ни се случуваат вакви несакани настани. Денеска ќе подискутираме за овие несакани настани. Се надевам дека ќе донесеме заклучоци кои ќе бидат имплементирани во иднина за максимално брзо, но и максимално праведно да се постапи во секој еден конкретен случај, а притоа жртвата да биде навремено излолирана од страна на насилникот, изјави Тошковски.

Првичната тема што најави дека ќе ја отвори на Конференцијата по препорака на фелата е тоа како максимално брзо институциите да интеревенираат кон конкретен насилник, без оглед на тоа домот чиј е, и тој да биде најбзо што може изолиран, тргнат настрана, семејството да биде заштитетно особено децата, се со цел да немаме дополнителни несакани последици.

Конференцијата се одржува по настанот во понеделникот кога мајка заедно со нејзината ќерка падна од балкон од шест кат по што беше соопштено дека таа со години се соочувала со семејно насилство од својот сопруг кој е во притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Lenovo’s new 8.8-inch Legion Tab is $849 with 9,000 mAh battery, new colors [Gallery] – 9to5Google
Следна Статија Markets begin to react as Trump’s attack on Iran risks hitting American pocketbooks – The Washington Post

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пензијата за декември ќе биде навреме исплатена на 2 јануари

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за…

December 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сајкоски, Ковачки и Мицевски на Семакедонскиот собор во спомен на 110 години од убиството на Сандански

Денес, заедно со пратениците, Драган Ковачки и Никола Мицевски ја имаме честа да присуствуваме на Семакедонскиот традиционален собор во спомен…

April 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми

Собранието попладнево во рамки на 40. седница изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска и Селим Адеми, а…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден. Истовремено реагираме…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?