Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФАО: По пет месеци пад, зголемен индексот на цените на храната во светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ФАО: По пет месеци пад, зголемен индексот на цените на храната во светот
ЕКОНОМИЈА

ФАО: По пет месеци пад, зголемен индексот на цените на храната во светот

Објавено March 6, 2026 18:42
Сподели
Сподели

По пет месеци пад, светските цени на храната се зголемија во февруари – објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната на ФАО, која ги следи месечните промени во кошничката на меѓународно тргувани прехранбени производи, во просек изнесува 125,3 поени во февруари, што е зголемување од 124,2 поени во јануари.

За 1,1 процент е зголемен индексот на цените на житарките во однос на јануари годинава. Зголемувањето на цените на житарките, особено на пченицата, главно е резултат на неповолните временски услови во делови од Европа и САД, како и тековните логистички прекини во Руската Федерација и поширокиот регион на Црното Море.

Според ФАО, индексот на цените на растителното масло месецов се зголемил за 3,3 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво од јуни 2022 година. Зголемении се и цените на палминото и соиното масло, додека цените на сончогледовото масло умерено се намалени, делумно поради зголемените извозни залихи од Аргентина.

Индексот на цените на месото е зголемен за 0,8 проценти во однос на претходниот месец, а на млечните производи бележи пад од 1,2 отсто, првенствено поради од пониските цени на сирењето. Индексот на цените на шеќерот, пак, е намален за 4,1 отсто во однос на јануари и за дури 27,3 проценти во споредба со февруари лани.

Агенцијата на ОН очекува производството на пченица да се намали за околу три проценти во 2026 година, бидејќи пониските цени ги намалуваат насадите. Се очекува земјоделците во EУ, Русија и САД да ги намалат површините со пченица, додека производство во Индија, Пакистан и Кина да остане генерално стабилно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мрачни прогнози од Катар: За неколку недели нафтата ќе чини 150 долари. Европа најмногу ќе страда
Следна Статија Работнички протест на 14 март – синдикатите бараат минималец од 600 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За дел од трговците има постапки пред институциите, девијантното однесување ќе се сведе на минимум

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека веќе има постапки за дел од трговците поради состојбата со цените на храната и оти…

September 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Над 50 работници од конфекција останаа без работа и плата – сопствениците исчезнале додека биле на колективен

Повеќе од 50 работници од штипска конфекција денеска останаа пред заклучени врати, наместо да се вратат на работните места по…

August 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Анализата на јазови oткрива клучни сознанија за управување со био-отпад од винската индустрија во Тиквешкиот регион

Сеопфатна анализа на јазови на правната и политичката рамка која ги одредува потребите за развој на модел на циркуларна економија…

November 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април година, изнесува 45 452 денари и во однос на април лани е…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?